Состојбата во јавните набавки: Сумирање на резултатите од досегашната примена на новите правила за јавни набавки

Едукација

Фокусот на оваа еднодневна работилница на тема „Состојбата во јавните набавки: Сумирање на резултатите од досегашната примена на новите правила за јавни набавки“, која ќе се одржи на 18 декември 2019 г. во „Park Hotel & Spa“ – Скопје, е да ги дознаете искуствата од осум месечната примена на новите правила за јавни набавки и да разговараме за предизвиците но и за најчестите грешки кои се прават при спроведувањето на постапките.

Работилницата е организирана во три работни сесии. Во првата работна сесија ќе бидат обработени сите битни аспекти поврзани со утврдувањето на способноста на ЕО, додека во втората работна сесија акцентот ќе биде ставен на начинот и правилата за спроведување на управната контрола. Третата работна сесија ја посветивме на сумирањето на резултатите од досегашната примена на новите правила, анализа на конкретни прашања и дилеми од практиката.

Оттука, ве повикуваме да земете директно учество во креирањето на содржината на материјалот за третата работна сесија, на начин што заедно со пријавниот лист ќе ни испратите конкретни прашања за проблемите и дилемите со кои се среќавате секојдневно при спроведувањето на постапките за јавните набавки, за истите да бидат разработени и конкретно одговорени (решени) на денот на обуката од страна на стручен и искусен предавач.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите учество, Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.