Работилници во Струга: Јавните набавки во нови пазарни услови |  Заштита на личните податоци (јули, Хотел Дрим)

Едукација

Во пресрет на Вашите деловни и лични потреби за надградба и развој во Вашите стручни области, Симпозион организира две тридневни работилници во периодот од 7 до 9 јули во хотелот „Дрим“, Струга, на самиот брег на Охридското Езеро. Програмата и агендата на обете обуки се разработени и составени со внимателно следење на најважните теми и најновите искуства во предметните области, со цел да Ви испорачаме внимателно одбрано знаење.

Јавните набавки во нови пазарни услови

Целта на оваа работилницата е да им помогне на договорните органи однапред да ги препознаат и превенираат ризиците кои можат да се јават при реализација на договорите за јавни набавки во услови кога постои редовно зголемување на цените на пазарот предизвикана од актуелната енергетска и економска криза.

Од друга страна, треба да им помогне и на економските оператори преку анализа на ризиците да можат да подготват прифатливи и конкурентни понуди во услови кога има нарушување на синџирите на снабдување.

Оттука, предвременото раскинување на договорите во иднина може да се спречи само доколку во тендерската документација ги предвидиме можните случаи за измена на договорите за јавни набавки и доколку ја користиме опцијата за „разлика/корекција на цената“ во рамките на инструкциите за економски оператори.

Повеќе за работилницата можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

Предизвици и ризици при имплементацијата на Законот за заштита на личните податоци

Новиот Закон за заштита на личните податоци претставува еволуција на концептот за заштита на личните податоци. Имајќи предвид дека обработката на личните податоци е сè повеќе автоматизирана, новиот закон дава одговори на прашањата кој, кога, зошто и како може да собира, обработува и чува лични податоци. Притоа, мерките за заштита на личните податоци треба да бидат дизајнирани врз основа на претходно проценет ризик.

Предмет на оваа работилница е токму анализирањето на новиот концепт на заштита на личните податоци, имајќи предвид дека разбирањето на новиот концепт претставува појдовна основа за создавање систем за заштита на личните податоци. Воедно, целта на оваа работилница е да им помогне на контролорите и обработувачите да се усогласат со новиот Закон за заштита на личните податоци, односно да им помогне при воспоставувањето на новиот систем за заштита на личните податоци или да го надградат и реформираат постојниот.

Повеќе за работилницата можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.