Висок одзив и одлична работилница за набавките на електрична енергија

Архива

Со исклучително висок одзив и извонредни работни сесии, проследени со квалитетна дискусија, на 18 февруари помина првата од двете интерактивни работилници на тема Набавка на електрична енергија – прашања што треба да се разрешат, со која Симпозион излезе во пресрет на ургентната потреба од стручно и навремено решение на актуелните прешања во врска со снабдувањето со електрична енергија. Под раководство на вистински ветерани во областа на јавните набавки и снабдувањето со електрична енергија и со вклученост на голем број љубопитни и подготвени учесници, работилницата го донесе и растолкува важното знаење во оваа област.

По системските измени и отворањето на пазарот на електрична енергија, постапката за снабдување со електрична енергија отвори многу прашања кај договорните органи. На работилницата беа претресени сите подробности поврзани со барањата што произлегуваат од Законот за енергетика и соодветните подзаконски акти, кои треба да се имаат предвид при спроведувањето на постапка за јавна набавка на електрична енергија.

Искажуваме голема благодарност за многубројноста и големата вклученост на учесниците во активната дискусија на работилницата, која, според спроведената евалуација, беше високо оценета. Во очи на низа други професионални предизвици на јавниот и приватниот сектор, продолжуваме да држиме чекор со актуелните теми, законски измени и системски новости.