Едукативната сезона на Симпозион заокружена со работилница за состојбата во јавните набавки

Архива

Со работилница на тема „Состојбата во јавните набавки: Сумирање на резултатите од досегашната примена на новите правила за јавни набавки“, која се одржа на 18 декември, Симпозион поуспешно од зацртаното ја заврши едукативната сезона за 2019 година. 

Оваа година реализиравме низа обуки и интерактивни работнилници во многу професионални домени, а на планот на консалтингот постигнавме одлични резултати и отворивме нови хоризонти. Во таа смисла, Ве покануваме да ги разгледате можностите што Симпозион ги нуди во областа на консалтингот и специјализираната едукација за да го максимизирате учинокот во својата работа и да обезбедите одржливост на успесите во личната и колекитвната професионална практика.

Работилницата со која ја завршивме едукативната сезона беше високооценета од страна на високиот број учесници. Во фокус беа ставени искуствата од осуммесечната примена на новите правила за јавни набавки, како и предизвиците и најчестите грешки што се прават при спроведувањето на постапките. Работилицата се одвиваше во три работни сесии, низ кои беа обработени сите битни аспекти поврзани со утврдувањето на способноста на ЕО, начинот и правилата за спроведување на управната контрола, како и сумирањето на резултатите од досегашната примена на новите правила, анализа на конкретни прашања и дилеми од практиката.

Оваа работилница го следи нововоспоставениот модел на Симпозион, кој предвидува учество на пријавените посетители во креирањето на дел од агендата. Во конкретниов случај, беше овозможено учество во склопувањето корпус од конкретни прашања за проблемите и дилемите со кои вработените секојдневно се среќаваат при спроведувањето на постапките за јавните набавки. Овој корпус влегува како една работна сесија во која тие предлози се разработуваат и конкретно се одговараат во рамите на едукативниот настан од страна на стручен и искусен предавач. Симпозион ќе продолжи да го истражува и развива овој модел во идната година, а ќе работи и на развивање други иновативни методи на пренесување на круцијалните знаења и искуства во низа стручни области.

До почетокот на идната едукативна сезона, Ви посакуваме успешно завршување на тековниот календар. Пријатен одмор и многу радост за време на претстојните празници!