Заштита на личните податоци: нов закон – нов концепт

Едукација

Симпозион со задоволство Ве поканува на учество во претстојната интерактивна работилница на тема: „Новиот закон за заштита на личните податоци – нов концепт за заштита на личните податоци“, која ќе се одржи на 16 декември 2021 г. (четврток), во хотелот „Romantique“ – Велешко езеро.

Правото за заштита на личните податоци и приватноста на поединецот е еден од постулатите на демократското општество. Како и дали е возможна заштита на личните податоци и приватноста во дигиталниот свет? Неспорна е потребата од обработка на личните податоци заради остварување на дејностите за кои се основани контролорите/обработувачите, но поседувањето на информацијата само по себе може да претставува моќ што наметнува одредени прашања: зошто, каде, кој, во која мера и како истата треба да се искористи? Кои се новите ризици и предизвици од примена на новиот закон? Кои се последиците од  неимплементирање на систем за заштита на личните податоци?

Предмет на оваа работилница е токму анализирањето на новиот концепт на заштита на личните податоци, имајќи предвид дека разбирањето на новиот концепт претставува појдовна основа за создавање на систем за заштита на личните податоци. Воедно, целта на оваа работилница е да им помогне на контролорите и обработувачите да се усогласат со новиот Закон за заштита на личните податоци, односно да им помогне при воспоставувањето на новиот систем за заштита на личните податоци или да го надоградат и реформираат постојниот.

Работилницата е наменета за офицери за заштита на личните податоци, лица кои обработуваат лични податоци во јавниот и во приватниот сектор, одговорни лица во контролорите и обработувачите (директори, управители, менаџери), лица вработени во компании што нудат услуги поврзани со обработката на личните податоци.

Повеќе за работилницата можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.