Кон навлегувањето во нови стручни области Симпозион секогаш пристапува внимателно и обмислено со цел истите да станат дел од нашиот редовен корпус и — преку континуираната едукација — постојано да ги повишуваме стандардите на квалитет и компетентност во преносот на знаења.
Овој месец, ноември, организираме стручен едукативен настан посветен на веројатно глобално најактуелната тема на нашето време, која е директно поврзана со работата на голем број физички и правни лица. Еднодневната обука „Спроведување на прекршочни постапки и постапки за спогодување во областа на животната средина: познавање, почитување и практикување“ ќе ја реализираме на 20 ноември во Park Hotel & Spa во Скопје. Пријавувањето за учество на стручниот едукативен настан е сега официјално отворено.
Законите од областа на животната средина се усогласени со директивите на ЕУ. Истите содржат правила и стандарди за постапување на државните органи, локалната самоуправа и правните и физичките лица. Заштитата на животната средина дополнително претставува уставна категорија кон која сите се обврзани да се придржуваат. Прекршочната постапка во областа на животната средина е сложена и се однесува на инспекторите за животна средина на државно и локално ниво, комуналните инспектори како и полицијата. Оваа постапка подразбира задолжителни правила за секој учесник посебно, определени во делот на прекршочните одредби во сите закони од областа на животната средина.
На обуката соодветно и практично ќе ја претставиме правната рамка – надлежностите на учесниците кои можат да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка, конкретни активности во секоја фаза на водење на прекршочната постапка. Темелно ќе го разгледаме значењето на спогодувањето на правните и физички лица кои сториле прекршок и начинот на неговото спроведување, како и постапките со кои се соочуваат ЈКП во управувањето со отпадот и водите пред прекршочниот орган. Ќе ги прегледаме најчестите неусогласености во практиката по што врз базата на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачите во предметната дејност, ќе им посветиме посебно внимание на случаи од праксата како и честите прашања кои се појавуваат при спроведување на овие постапки.
Повеќе за еднодневната стручна интерактивна обука можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
Актуелните повици за учество и информациите за едукативната програма редовно се објавуваат на нашите канали – следете ги веб страницата и нашата социјална страница за да бидете во тек. Тековно е отворено пријавувањето за две стручни работилници во областите на јавните набавки или пописот/финансиските извештаи во божиќна Виена. Двете работилници ќе бидат спроведени во периодот од 25—28 ноември според предвидената богата програма и за кои повеќе информации се достапни на овој линк.
За сите дополнителни прашања Симпозион стои постојано на располагање на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.