За нас

Симпозион е визба на внимателно одбрано знаење. Произлегува од пресекот на долгогодишното искуство и експертизата на докажани соработници во одредени професионални области, како и од ентузијазмот и посветеноста на темелна и инвентивна испорака на интелектуални услуги. Симпозион е, пред сè, посветен на обезбедување исклучително квалитетна едукација и консалтинг во специфични професионални области, изработка на идејни решенија за проектни предизвици, поврзување на субјекти со различни профили заради ефективно и квалитетно соочување со предизвиците, како и понуда на корпуси висококвалитетни деловни услуги.

Нашата компанија специјализира во неколку специфични деловни области, кои бараат активно и длабинско познавање на многу практики, процедури, институции и правни акти. Примарно место во нашата професионална дејност заземаат услугите од областа на јавните набавки, каде што сме веќе докажани преку своето искуство и познавањето на соодветните закони и процедури, придржувајќи се кон принципите на законитост, ефикасност и одржливост. Добро познавајќи го работењето на договорните органи и на економските оператори, Симпозион е сигурен и проверен партнер, кој ќе ви помогне да ги разрешите сите редовни или тековни дилеми, проблеми и предизвици.

Соработници

Дејствувајќи во област каде што сè се потпира врз експертско знаење и искуство, врз креативен и внимателен влог на време и труд, Симпозион обединува тим од внимателно одбрани стручни лица. Соработуваме со сертифицирани консултанти, експерти во областа за јавните набавки и угледни советници од други области поврзани со предметот на деловното работење за да обезбедиме комплетна и максимално компетентна услуга.

Друштво за едукација, консалтинг и други интелектуални услуги Симпозион ДОО – Скопје.