Симпозион, поаѓајќи од основниот принцип на својата работа – внимателно одбрано знаење – обезбедува најкомпетентни услуги во областа на стручниот превод и конференциското толкување во голем број области и јазични релации. Обезбедуваме навремена и висококвалитетна услуга при преводот на секаков тип документи и толкувањето на разновидни настани, односно услуга која ги опфаќа сите форми на јазичен пренос: судски превод, симултано и консекутивно толкување (во реален простор и преку онлајн платформи), превод на технички документи, редакција на стручни и академски трудови. Располагаме со внимателно одбрани соработници со докажани компетенции, соодветно образование и богато професионално искуство во сферата на преведувањето и толкувањето. Ориентирајќи се целосно според вашите потребите, ги приспособуваме нашите докажани капацитети кон концепциите, барањата, замислите, временските планови и физичките особености на проектите со чија реализација се задолжени клиентите.
Редовно достапни јазици: македонски, англиски, руски, српски, хрватски, албански, полски, француски, германски и грчки. За да ги пресретнеме потребите од поретко барани јазици и јазични релации, имаме формирано и поширок круг на квалитетни соработници кои активно работат со други јазици што не се наведени.
Асистираме во задоволувањето на сите логистички и технички барања и потреби за настаните на коишто е потребен превод: семинари, симпозиуми, конференции, информативни сесии, телевизиски гостувања, мастер-класови, тренинзи и други едукативни настани. Овие дополнителни услуги ги обезбедуваме со сопствени ресурси и во соработка со релевантни партнери кои се водечки актери во областа на техничката логистика.
За да се поврзете со нас, да побарате понуда, да добиете конкретна информација или консултација, контактирајте нè на info@simpozion.mk или на телефонскиот број +389 78 271 576.