In-house

Стручната едукација и професионалната надградба е примарната област во која што специјализира Симпозион. Ние пренесуваме експертско и применливо знаење и искуство, внимателно одбирајќи ги менторите и применувајќи ефективни модели на обучување. Посветени сме на редовна едукација на субјектите (правни и физички лица) во повеќе сфери од деловното работење, за добро да ја разберат економската, правната и техничката средина во која се наоѓаат, да ги применат најдобрите практики и соодветно да се справат со тековните предизвици. Навремено информираме за новините во законската регулатива, ставајќи посебен акцент на нивното практично имплементирање, за што ангажираме специјалисти во областа со докажано практично искуство.

Најприспособениот модел на едукација што го спроведува Симпозион се специјализираните in-house обуки и работилници, кои се максимално приспособени на редовните и тековните проблеми и предизвици со кои се соочува вашата фирма или институција.

Концептот на in-house едукација подразбира целосно адаптирање на потребите и барањата на институцијата или компанијата преку: 1) применување пристап соодветен на внатрешната структура и конкретните околности на клиентот; 2) ангажирање докажани експерти за разработка на едукативна содржина и работен план; 3) спроведување единечна или серија обуки/работилници, во зависност од договорената временска рамка; 4) ситуирање на обуката во работните простории на клиентот или на друго договорено место.

Години наназад организираме специјално осмислени обуки и работилници во следниве динамични области од јавното и приватното работење: јавни набавки, финансиско управување и контрола, внатрешна ревизија, канцелариско и архивско работење, попис на средства и изворите на средства, енергетска ефикасност, управување со човечки ресурси, заштита на личните податоци, облигационите односи, инспекциски надзор и други поврзани тематски корпуси.

Во Симпозион, поаѓаме од убедувањето дека континуираното унапредување на професионалните знаења и вештини е нужност во општество и работна средина насочени кон постојан напредок. Нашата улога е во создавањето средина и култура на врвно професионално надградување. Посветено работиме за да ви обезбедиме внимателно одбрано знаење.