Консалтинг

Симпозион нуди специјализирани консалтинг услуги во неколку професионални области. Нашиот тим, составен од сертифицирани консултанти, експерти во специфични професионални области располага со големо искуство и знаење што ќе ви помогне да ги разрешите сите дилеми и проблеми со кои се среќавате.

Нашата консултантска експертиза ги засега примарно јавните набавки, без оглед дали спроведувате или учествувате во постапките за јавни набавки. Комплексот услуги е подробно разработен и приглагоден за двата типа корисници: договорни органи и економски оператори.

Нов концепт на консултантска поддршка во јавните набавки

Работењето во областа на јавните набавки бара брзи одлуки, сигурна примена на законските прописи и навремено препознавање на ризиците. Токму затоа, врз основа на долгогодишното практично искуство и во одговор на редовните барања од нашите клиенти, воведуваме нов концепт на консултантски услуги, кој обезбедува стручна поддршка во сите фази на постапките за јавни набавки.

Покрај консултантската поддршка во конкретни постапки, обезбедуваме воспоставување и унапредување на интерниот систем за јавни набавки кај договорните органи и економските оператори преку изработка на интерни процедури, стандардизација на работните процеси и практична едукација на вработените.

Нашиот модел овозможува удобно да изберете:

  • еднократна консултантска услуга, кога ви е потребна помош за конкретно прашање или постапка
  • претплатнички модел, кој обезбедува континуирана стручна поддршка, приоритетно постапување и навремени одговори во текот на целата година

Што добивате со нашите консултантски услуги?

▸▸▸▸▸
За ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

Изработка на интерна процедура за спроведување на постапките за јавни набавки, усогласена со Законот за јавните набавки и подзаконските акти, која ги уредува постапките за јавни набавки под и над вредносните прагови за примена на Законот, со јасно дефинирани активности, надлежности, одговорности, рокови, тек на документацијата и интерни контроли, со цел обезбедување законито, транспарентно и ефикасно спроведување на јавните набавки.
✔ Континуирани консултации и стручни мислења за примена на Законот за јавните набавки.
Превентивна правна и стручна контрола на тендерската документација пред нејзиното објавување.
✔ Анализа и подготовка на критериуми за избор на најповолна понуда и методологија за бодување согласно принципот „цена-квалитет“.
✔ Проверка на техничките спецификации, условите за способност, доказите, моделот на договор и останатата документација.
Детална анализа на спроведената евалуација на понудите пред донесување на Одлуката за избор или поништување, со стручен извештај и препораки за понатамошно постапување.
✔ Анализа и контрола на договорите за јавни набавки, нивните измени и договорните ризици.
✔ Подготовка на одговори на жалби и целосна правна поддршка во постапките пред Државната комисија за жалби по јавните набавки.
Практични обуки и менторска поддршка за лицата кои работат на јавните набавки.

Сите наведени и дополнителни индивидуални клиентски услуги во областа се достапни на редовна основа и приспособливи кон вашите потреби преку пополнување и испраќање на официјалното БАРАЊЕ ЗА ПОНУДА.

▸▸▸▸▸
За ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

Анализа на тендерската документација и насоки за подготовка на конкурентна и усогласена понуда.
✔ Изработка на барања за појаснување и укажување на незаконитости или нејаснотии во тендерската документација.
Детална проверка на понудата и придружна документација пред нејзиното поднесување.
✔ Асистенција при подготовка, електронско потпишување и поднесување на понудата во ЕСЈН.
✔ Подготовка и контрола на договори за групна понуда, договори со подизведувачи и договори за користење на способност од друг субјект.
Анализа на спроведената постапка по донесување на Одлуката за избор или поништување, со процена дали постојат основи за правна заштита.
Изработка на жалби и целосно водење на жалбената постапка пред Државната комисија за жалби по јавните набавки.
✔ Помош при подготовка и поднесување тужба за поведување управен спор.

Сите наведени и дополнителни индивидуални клиентски услуги во областа се достапни на редовна основа и приспособливи кон вашите потреби преку пополнување и испраќање на официјалното БАРАЊЕ ЗА ПОНУДА.

Зошто овој концепт?

Нашата цел не е само да дадеме јасен и применлив одговор на поставено прашање.
Нашата мисија е да ги спречиме проблемите пред да се појават.
Со навремена стручна анализа и превентивна контрола значително се намалува ризикот од:

  • незаконска или нецелосна тендерска документација
  • неправилна евалуација на понудите
  • одбивање на понудите поради формални или суштински недостатоци
  • успешни жалби и поништување на постапките
  • договорни ризици и спорови
  • финансиски, временски и репутациски последици

Ваш партнер во сите фази на јавната набавка

Без разлика дали сте договорен орган или економски оператор, Симпозион обезбедува професионална поддршка од идејата и подготовката на документацијата, преку евалуацијата и изборот на најповолна понуда, па сè до склучувањето и реализацијата на договорот, како и во сите постапки за правна заштита.

Симпозион не нуди само консултации, туку обезбедува сигурност, законитост и успех во практиката на јавните набавки.

Остануваме на ваше располагање за сите дополнителни прашања на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса: info@simpozion.mk

▸▸▸▸▸
Следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте директно со нас за сите професионални прашања и потреби.


Аплицирање за проекти и грантови

Симпозион нуди консалтинг и помош при подготовка на документацијата за апликации за проекти и грантови на правни субјекти (невладини организации, институции и фирми) на конкурси од секаков вид домашни и странски фондации и програми за развој.

Асистенција во сите фази од разработката на идејата во конкретна проектна апликација:
1) фаза на анализа (анализа на учесници, анализа на проблеми, анализа на целите и избор на стратегија);
2) фаза на планирање (операционализација на резултатите од анализата, буџетирање и пополнување на Матрицата на логичка рамка).

Целосно ја организираме соработката со експерти со одлично познавање на процесот и алатките на Приодот на логичка рамка (ПЛР) кој — без разлика на разнообразната терминологија и формати користени од различните фондации — е основниот аналитички приод за планирање и управување на проекти. Поттикнуваме примена на аналитичките алатки на инклузивен начин и помагаме во организирањето на тимска работа и ефективно учество на сите партнери. Во подготовка на каков било проект, клучна е еднакво споделената сопственост над проектната идеја од страна на сите партнери.

Контактирајте нè со Вашата специфична идеја и потреба на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса: info@simpozion.mk

Симпозион – консалтинг