Книги

Канцелариско и архивско работење

Со посебно задоволство Ве информираме дека книгата „Канцелариско и архивско работење“ на доц. д-р Ацо Ангеловски е излезена од печат и достапна за набавување. Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на канцелариските и архивските материјали, ползувајќи се со професионалното и академско знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Ова издание е жива адреса на која може да се упатуваат сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење.