Есенската едукативна агенда на Симпозион го добива својот финален облик благовремено за да остави доволно комфорен простор за Вашите планови, прашања и подготовки. Денес можете да обележите важен датум во својот календар — централниот едукативен настан оваа година во областите на јавните набавки и финансиското работење.
Во фокус оваа есен ќе биде ексклузивна тридневна работилница за најактуелните предизвици во овие области, на кои веќе десет години им посветуваме приоритетно внимание и во кои пренесуваме внимателно одбрано знаење ангажирајќи ги најкомпетентните експерти-предавачи, создавајќи најбогата работна агенда со максимално современ пристап и теми кои извираат од тековниот и утрешниот ден!
Особено внимателно ги избираме локациите за овие теми и подготвуваме исклучително квалитетни програми на патување, кои ги создаваме специјално за нашите учесници и се достапни единствено преку нашите работилници.
МАДРИД — ова е локацијата каде што од 27 до 30 ноември ќе го реализираме најавениот настан. На централна локација, во време кога шпанската престолнина е исклучително пријатна и убава, со низа извонредни посети и квалитетно организирано време на едукативната и културната програма. Време е за одредување и резервирање на неколку денови од ноемвриската завршница!
„НАЈАКТУЕЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ“
27—30 ноември 2026
МАДРИД
Подробни информации во официјалната објава!
Следете ги новостите на Симпозион преку нашата веб страницата и социјалните мрежи (Facebook, Instagram и LinkedIn). Внимателно одбраното знаење е главниот залог во професионалниот развој! Контактирајте со нас за совети и сите прашања при планирањето на Вашата едукативна агенда.
▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН
„Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија)
„Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија)
„Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија)







