Колку ја познаваме и почитуваме правната регулатива за канцелариско и архивско работење

Едукација

Со задоволство Ве покануваме да учествувате на интерактивната обука на тема „Колку ја познаваме и почитуваме правната регулатива за канцелариско и архивско работење“, која ќе се одржи на 18 октомври 2022 г. (вторник) во винаријата „Royal Winery Queen Maria“.

На обуката на оваа тема, најнапред, на соодветен начин ќе биде презентирана правната рамка (услови, причини и последици) од значење за архивската дејност, по што, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети посебно внимание на примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Ќе бидат темелно разработени правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која е регулирана со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ) и со подзаконските акти. Посебно внимание на обуката, ќе се посвети на одредени недоследности, грешки и пропусти во работењето на имателите со можни решенија за нивно надминување. Обуката ќе се одвива под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава.

Имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени превоз, освежување, кафе и вода на паузите, винска тура, ручек со дегустација на вина, сертификат за учество, работен материјал од работилницата и гратис книга Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски. 

Ве покануваме да прочитате повеќе за обуката со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите учество, Ве молиме да ни испратите пополнет »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.