Поради големиот интерес: Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење

Едукација

Поради големиот интерес и одличните оценки за последната обука од оваа област, Симпозион повторно Ви најавува обука на тема „Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење“, која ќе се оствари на 31 мај во хотелот „City Park“ – Скопје.

На обуката за оваа тема, под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава, на соодветен начин ќе се разгледа значењето на архивскиот материјал, ќе се направи паралела и анализа за новитетите во законските и подзаконските акти, како и основните техники во канцелариското и архивското работење. Посебно внимание на обуката, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети на одредени недоследности, грешки и пропусти во работењето на имателите со можни решенија за нивно надминување.

Со котизација од 6.950 денари + 18% ДДВ, имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени кафе-пауза, ручек, сертификат за учество, работен материјал од работилницата, како и гратис книга „Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски. За две или повеќе пријавени лица од иста институција, следува попуст од 10%.

Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, ползувајќи се со професионалното и академско знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Ова издание е жива адреса на која може да се упатуваат сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk