Ноемврискиот едукативен блок на Симпозион го подготвивме со максимално внимание на ползата, квалитетот и удобноста на стручната надградба со намера да ги пресретнеме Вашите споделени очекувања и директни барања за темите, предизвиците и областите каде што Ви е неопходна концентрирана и практична подготовка. Ни претстојат две стручни работилници во областа на 1) јавните набавки и 2) пописот, чија работна агенда и придружна програма во потполност ги одразуваат нашите принципи на работа – избор на водечка експертиза, најсовремена методологија и најдобра работна средина.
Во периодот од 25 до 28 ноември во божиќна Виена следуваат две тридневни работилници, за кои повикот за учество и поволностите за рано пријавување се сега официјално отворени. Материјалите за пријава на учество и краток опис на виенските работилници се во продолжение. На крајот од известувањето се наведени и останатите едукативни настани за кои пријавувањето е сè уште отворено.
▸▸▸▸▸
„РАЗМЕНА НА ВАЖНИ ИСКУСТВА ЗА КЛУЧНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ПРАКТИКУВАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ“
Стручната агенда на тридневната работилница е примарно насочена кон успешното и правилното спроведување на фазите од процесот на јавни набавки, за што е неопходно практично познавање и јасно разбирање на различните елементи на тендерската постапка и на нивната меѓусебна поврзаност. Во рамките на четири работни сесии ќе бидат опфатени неколку множества од важни теми поврзани со предизвиците и дилемите со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори при подготовката на тендерската документација, дефинирањето на критериум за избор на најповолна понуда, подготовката и поднесувањето на понуда, евалуацијата на понудите, како и мониторингот и реализацијата на договорите за јавни набавки. Преку интерактивна комуникација со активна меѓусебна размена на искуства, мислења и ставови, фокусот ќе биде ставен врз практични аспектите и конкретните прашања што ги пресретнуваат практичарите во подготовката, учеството и реализацијата на јавните набавки.
Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се договорните органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица за јавни набавки и други лица вработени кај договорните органи), економските оператори (одговорни лица, лица кои ги подготвуваат понудите и лица кои ја следат реализацијата на договорите), лица кои сакаат професионално да се занимаваат со јавни набавки и други заинтересирани лица кои од различен аспект се поврзани со јавните набавки.
Повеќе за тридневната работилница во Виена можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
„ПОПИСОТ НА СРЕДСТВАТА, ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ КАЈ ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА — ПРЕДУСЛОВ ЗА ОБЈЕКТИВНО И РЕАЛНО ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ВО РАМКИТЕ НА ЗАВРШНАТА СМЕТКА“
Работилницата во го става централен фокус спроведувањето на пописот на средствата, побарувањата и обврските. На практичен и интерактивен начин ќе бидат претставени и темелно разработени пример на усогласување на фактичката со сметководствената состојба кај двата сметководствена система, формата на подготвување на решенија за формирање на комисии за попис и одлуки за усвојување на извештајот од спроведениот попис, пресметката на амортизација и ревалоризација, различните сметководствени принципи и начела пропишани со законската регулатива и меѓународните сметководствени стандарди, меѓународните стандарди за финансиско известување, данокот на добивка, со посебен акцент кај единиците на локалната самоуправа и државните органи, новините во законската регулатива и уште низа поврзани теми ќе добијат нагласено внимание во текот на стручната работилница.
Работните блокови концентрираат експертска едукација, практичен пристап и интерактивна дискусија и се целосно насочени кон подигнување на одговорноста на вработените во организационите единици за финансии, сметководство, правни работи, внатрешна ревизија, членовите на пописни комисии, лицата задолжени за материјална евиденција, како и одговорните лица во општините, државните институции и јавните претпријатија кои се вклучени во спроведување на редовниот или годишниот попис на средствата, побарувањата и обврските.
Повеќе за тридневната работилница во Виена можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: БОЖИЌНА ВИЕНА
Работната средина на овие два централни настани на ноемвриската агенда ќе ни ја даде Виена во божиќниот период. Го одбравме специфично ова време за да ѝ дадеме најпријатна атмосфера на едукативната агенда. Во избраните денови градот го открива својот уникатен празничен лик, се преполнува со божиќни пазари на сите помали и поголеми плоштади, и отсекаде допираат специфичните виенски звуци и мириси.
Двете работилници ги разработуваме со внимание на најрелевантните искуства и најактуелните сознанија и упатства во предметните области, составувајќи сеопфатна агенда придружена со богата и исклучително квалитетна програма на патување. Едукативните програми ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области. Ги очекуваме Вашите пријави.
▸▸▸▸▸
ОСТАНАТИ СЀ УШТЕ ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ
Покрај претстојниот божиќен виенски циклус, повикот е сè уште отворен за две следниве две есенски работилници во Истанбул. Во продолжение ги даваме основните информации за подетално запознавање и пријавување.
„Соочени со предизвиците на дијабетесот – како медицинските сестри можат да дејствуваат“ во Истанбул, Турција во периодот од 18 до 21 октомври. Содржините на едукативните сесии, темите и останатите детали на тридневниот стручен семинар се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Пријавувањето за учество на семинарот е отворено најдоцна до 10 октомври со пополнување и испраќање на пријавниот лист на официјалната електронска адреса на Симпозион (info@simpozion.mk).
„Управување со ризиците во јавниот сектор“ во Истанбул, Турција во периодот од 18 до 21 октомври. Содржините на едукативните сесии, темите и останатите детали на тридневниот стручен семинар се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Пријавувањето за учество на семинарот е отворено најдоцна до 10 октомври со пополнување и испраќање на пријавниот лист на официјалната електронска адреса на Симпозион (info@simpozion.mk).
▸▸▸▸▸
Актуелните повици за учество и информациите за едукативната програма редовно се објавуваат на нашите канали – следете ги веб страницата и нашата социјална страница за да бидете во тек. За сите дополнителни прашања и барања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса. Нашата одговорна и будна деловна етика редовно ги следи актуелните настани, измени и тенденции во деловното работење и ги пресретнува Вашите стручни и деловни потреби. Oстануваме во лојална служба на Вашиот професионален раст и развој.