Предизвици, ризици и механизми за заштита на личните податоци

Едукација

По успешното комплетирање на серијата стручни обуки „Визби на вино и знаење“ во винаријата „Тиквеш“, кои се сè уште во тек, тимот на Симпозион со задоволство Ви ја највува следната внимателно осмислена обука:

ПРЕДИЗВИЦИ, РИЗИЦИ И МЕХАНИЗАМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
(9 март 2018 година во Хотел „City Park“ – Скопје)

Секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, односно чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно врз основа на едно или повеќе обележја претставува личен податок.

Свесно или несвесно, сите ние секојдневно ги споделуваме своите лични податоци, податоците на најблиските, на пријателите, колегите, клиентите… Секоја активност на интернет зад себе остава мноштво информации за корисникот.

Во текот на работниот век, секој вработен обработува илјадници лични податоци за цели на остварување на своите работни задачи.

Овде сосема природно се поставуваат прашањата:
– Како компанијата/државниот орган да се заштити од незаконска обработка на лични податоци?
– Како да ги заштитиме личните податоци?
– Дали при своето работење го прекршуваме Законот за заштита на личните податоци?
– Како треба да постапиме во случаите каде се засегнати личните податоци?
– Кои се ризиците кои се појавуваат при собирањето, обработката и чувањето на личните податоци?
– Кои се предизвиците на новите технолошки решенија и предизвиците при традиционалната обработка на лични податоци и како да се справиме со нив?

Оцаа обука нуди одговори на овие прашања, како и насоки за усогласување со прописите за заштита на личните податоци. Исто така, ќе понуди и дефинирање на поимите од областа на заштитата на личните податоци, како и техничките и организациските мерки кои треба да се применат за да се обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци, и како да се креира документацијата во која ќе бидат содржани истите.

Повеќе може да прочитате во поканата за оваа обука, која заедно со агендата може да ја преземете <овде>. За пријава за учество, Ве молиме да го пополните <пријавниот лист> и да го испратите на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk