Рамковни спогодби vs класични договори: зошто, кога и како се применуваат

Едукација

Ве покануваме да земете учество во дводневната тематска работилница за рамковните спогодби како начин на доделување на договорите за јавни набавки која на 9 и 10 мај ја организира Симпозион во хотелот „City Park“ – Скопје. „Рамковни спогодби vs класични договори: зошто, кога и како се применуваат (низ практични примери и размена на искуства)“

На оваа работилица, ќе го разјасниме поимот на рамковните спогодби, начинот на склучувањето и времетраењето на истите, видовите на спогодби (со еден или повеќе економски оператори),  доделувањето на поединечните договори преку рамковните спогодби, потребата од известување за доделени поединечни договори за јавни набавки, правото на жалба на доделениот поединечен договор, како и новините што се предвидуваат во нацрт-законот, а се однесуваат на рамковните спогодби.

Преку учеството на работилницата, ќе добиете јасна слика за практичната применливост на рамковните спогодби во споредба со класичните договори за јавни набавки. Европската статистичка анализа на јавните набавки покажува масовна застапеност на рамковните спогодби како резултат на практичната применливост и флексибилност во однос на класичните договори за јавни набавки, бидејќи овозможуваат навремено и квалитетно задоволување на потребите од одредени предмети на набавка како и економично, ефикасно и ефективно трошење на јавните пари.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk

Воедно, дозволете да Ве потсетиме дека претстои обуката која ќе биде од голема важност за вработените во доменот на јавните набавки: Суботица: Реформите во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат, која ќе биде реализирана во периодот од 26–28 април 2018 година, во Суботица (Војводина), Република Србија. За оваа обука можете да прочитате повеќе овде.