Претстои во септември: Предизвиците во јавните набавки – практични искуства

Едукација

Со задоволство ја најавуваме работилницата под наслов „Предизвиците во јавните набавки – практични искуства“, која Симпозион ќе ги реализира на 20 и 21 септември 2018 година, во хотел „Сириус“ – Струмица.

Со оваа дводневна работилница ја продолжуваме воспоставената практика на размена на знаења, вештини и практични искуства со цел разрешување на проблемите и дилемите во примената на одредбите на Законот за јавните набавки. Предавачите на работилницата се препознатливи експерти за јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа, особено на полето на креирањето и следењето на законска регулатива, компаративната анализа на домашната и меѓународната регулатива и правната заштита. Од нив ќе добиете детални информации, инструкции и насоки за спроведување на постапките за јавни набавки со помалку проблеми. На работилницата ќе бидат презентирани најчестите прашања и најчестите грешки што се прават при спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки, а ќе бидат споделени и инструкции и насоки за правилно постапување при спроведување на постапките.

Во програмата на патувањето е вклучена и посета на Колешинскиот и Смоларскиот водопад, најпознатите локални знаменитости; посетата ја организира Симпозион и ќе биде водена од локален туристички водич.

Подетален опис на содржините на работилниците и повеќе информации за програмата на аранжманот можете да најдете во приложенитите покана и агенда, како и во пријавен лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество, ве молиме да ни го испратете наinfo@simpozion.mk.

Воедно, ве информираме дека со испратена пријава и извршена уплата до 7 септември 2018 година, добивате 10% попуст на вкупниот износ.