Најчести пропусти на ДО утврдени од ДЗР и ДКЖЈН

Архива

18.04.2017 во конференциската сала на хотелот „City Park“ во Скопје, Симпозион успешно ја реализира обуката на тема: „Најчести пропусти кои ги прават договорните органи во спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки утврдени од страна на Државниот завод за ревизија и Државната комисија за жалби по јавни набавки“ која беше водена од Маја Малахова, м-р на правни науки и претседателка на Државната комисија за жалби по јавни набавки, и Тања Таневска, м-р по економски науки, главен државен ревизор на Република Македонија.