Успешно реализирани стручни работилници во септември и октомври | Поглед кон ноември: нови теми и места на едукативната програма

Архива

Во периодот септември–октомври, Симпозион успешно реализираше неколку високо оценети стручни настани, кои обединија бројни професионалци од јавниот и приватниот сектор во рамките на внимателно осмислени програми.

Стручната работилница „Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи“, која беше реализирана двапати, во Скопје и во Стар Дојран, ја разработи темата на современите архивски практики и усогласувањето со новата законска рамка.

Еднодневната работилницата „Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници“ обедини одлична група стручни лица од предметната области и им пренесе важни применливи препораки и практични насоки за кадровските и административните структури во јавните институции.

Работилницата „Клучни измени и практични совети за успешни јавни набавки“ доби високи оценки од учесниците и побуди силен интерес. Работилницата ја постави во фокус практичната примена на последните законски измени и предизвиците со кои се соочуваат економските оператори и договорните органи во сите фази на постапките. Преку динамични и интерактивни сесии, предавачите, водечки експерти во областа на национално ниво, ги претставија најважните новини во електронскиот систем на јавни набавки, дадоа препораки за подготовка на прифатливи понуди, и демонстрираа примери на добра практика во проценката на квалитетот и економичноста.

Како важен елемент на стручната работилница, покрај целокупниот корпус работни материјали користени во рамките на работните сесии, учесниците добија сопствен примерок од најновото, изменето и дополнето издание на „Практичниот водич низ јавните набавки“ – капитално, единствено од ваков тип во нашата земја.

Атмосферата беше одлична, со активна вклученост на учесниците, дискусии и размена на искуства од секојдневната работа. Присутните ја оценија работилницата како професионална, применлива и содржајно богата, истакнувајќи ја нејзината полезност во унапредувањето на квалитетот и транспарентноста во јавните набавки.

Овие реализирани настани повторно ја потврдија мисијата на Симпозион – да обезбеди највисок квалитет на стручно знаење повишувајќи ги стандардите во едукацијата и професионалниот развој.

Поглед кон ноември: нови теми и меѓународни едукативни програми

Движејќи се низ успешниот есенски циклус, на нашата агенда во ноември претстојат уште неколку внимателно подготвени едукативни програми, од кои пријавувањето уште кратко време е отворено за три тридневни стручни работилници:

📍 „Јавни набавки и финансии: намалување на ризиците од жалби, управување со договорите за ЈН, поврзаност на планот за ЈН со финансискиот план и подобрување на квалитетот на жалбите“ (16—19 ноември, Рим, Италија)

📍 „Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници“ (27—30 ноември, Атина, Грција)

📍 „Спроведување попис на средствата, побарувањата и обврските кај општините, државните органи и јавните претпријатија — предуслов за објективно и реално изготвување на финансиските извештаи како составен дел на завршната сметка“ (27—30 ноември, Атина, Грција

Бројот на учесници е ограничен, а интересот е голем — искористете ја можноста и пријавете се навреме за да обезбедите свое место во преостанатите редови на учесниците.

Мала галерија од настанот

Во продолжение следува мала фото-галерија од септемвриската стручната работилница „Клучни измени и практични совети за успешни јавни набавки“, која се одржа во Скопје, во организација на Симпозион.

Тимот на Симпозион и натаму останува целосно посветен на вашите професионални потреби, пренесувајќи внимателно одбрано и применливо знаење, подготвено во соработка со водечки експерти и целосно ориентирано кон актуелните предизвици во работењето.