Планирање, јавни набавки и финансии во МАДРИД | Тридневна стручна работилница | 27—30 НОЕМВРИ

Едукација

Симпозион официјално го отвора повикот за учество на тридневната стручна работилница „Планирање, јавни набавки и финансии — од потреба до најдобра вредност за парите“, која зазема централно место во нашата идна едукативна сезона.

Тридневната програма на работилницата ќе биде реализирана од 27 до 30 ноември 2026 г. во Мадрид, со осмислено патување и на централна локација, во време кога шпанската престолнина е исклучително пријатна и убава, со низа извонредни посети, искуства и исклучително квалитетно организирано време на едукативната и културната програма.

▸▸▸▸▸
ПЛАНИРАЊЕ, ЈАВНИ НАБАВКИ И ФИНАНСИИ — ОД ПОТРЕБА ДО НАЈДОБРА ВРЕДНОСТ ЗА ПАРИТЕ

27—30 ноември, Мадрид | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«

Работилницата ги поврзува планирањето, јавните набавки и финансиското управување од една страна, и подготовката на квалитетна понуда од друга страна. Фокусот е на оние точки каде што најчесто настануваат проблеми: недоволно планирање, несоодветна проценета вредност, слаба координација со финансискиот сектор, преземање обврски без соодветно финансиско покритие, нејасни или ограничувачки барања и грешки при подготовката на понудите.

За договорниот орган, успешната јавна набавка не започнува со објавувањето на огласот, туку многу порано — со правилно идентификувана потреба, реално планирање, правилно утврдена проценета вредност, обезбедени средства и добра координација меѓу организационите единици, секторот за јавни набавки и финансискиот сектор.

За економскиот оператор, успешното учество не завршува со поднесување понуда. Квалитетната и конкурентна понуда бара правилно читање на тендерската документација, препознавање на условите, соодветни докази и избегнување на формални и суштински грешки.

Аспект што носи особена дополнителна вредност на вашето учество е новата и ретка можност со пријавата на учеството однапред да испратите и прашање за кое сакате да добиете директно и подготвено мислење за правилно и законито постапување.

Подробни информации за работниот план и содржините се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«.

▸▸▸▸▸
УЧЕСНИЦИ, ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОВОЛНОСТИ

Темите, содржините и експертскиот пристап на работилницата се исклучително важни за ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ (одговорни лица, лица на раководни позиции, лица за јавни набавки, вработени во организационата единица за финансиски прашања, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица задолжени за следење на реализацијата на договорите, внатрешни ревизори и други лица вработени кај договорните органи), ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ (управители, одговорни лица, задолжени за подготовка на понудите и жалбите, и лица кои ја следат реализацијата на договорите) и останатите ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА чии интереси и работење се во допир или однос со ЈАВНИТЕ НАБАВКИ.

ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО се реализираат со испраќање на овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

ВАЖНО: Раното пријавување носи поволности! Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион секогаш им дава предност на првопријавените учесници, за кои е предвиден попуст од 5% на котизацијата за учество.

Деталите на богата придружна програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе ни се обратат преку официјалната електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.

▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија)

Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија)

Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија)