Работилница во Сокобања: Активности за изготвување на завршна сметка на буџетите и буџетските корисници за 2022 г.

Едукација

Изготвувањето на завршна сметка е обемна, комплексна и одговорна работа, која подразбира одговорност за целосна и точна сметководствена евиденција. Освен тоа, завршната сметка е предмет на внатрешна и надворешна ревизија. Затоа Симпозион ја организира тридневната практична работилница на тема: „Активности за изготвување на завршна сметка на буџетите и буџетските корисници за 2022 година“ во периодот 25–27 јануари 2023 во Сокобања, Република Србија.

Со организирањето на оваа работилница, сакаме да дадеме експертски и применливи толкувања, објаснувања и практични насоки за изработка на завршната сметка, бидејќи квалитетот на изготвените финансиски извештаи кои се составен дел на завршната сметка зависи од редовното, целосното и законското водење на сметководствената евиденција.

Работилницата е наменета за финансиски работници, сметководители, лица задолжени за материјална евиденција и лица задолжени за сметководствена (финансиска) евиденција, Внатрешни ревизори, одговорни лица на институции. Настанот ќе биде организиран на високо интерактивно ниво, со примери, прашања, одговори, студии на случај, дискусии. Учесниците ќе може да поставуваат прашања, случаи од пракса, проблеми, за кои ќе добијат одговори и мислења.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за тридневната работилница. Информациите за програмата на тридневното патување се достапни во  »ПРОГРАМАТА ЗА ПАТУВАЊЕ«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.