Евалуација на понуди и откривање на незаконските договарања во постапките за доделување на договори за ЈН

Едукација

На крајот од овој месец, на 30 мај, Симпозион организира уште една обука на тема: „Евалуација на понуди и откривање на незаконските договарања во постапките за доделување на договори за јавни набавки“. Обуката ќе се одржи во хотелот „City Park“ – Скопје.

На работилницата ќе се дискутира за евалуацијата на понудите, за фазите од кои се состои, за дилемите и отворените прашања што се јавуваат кај комисиите, поврзани со евалуацијата, како и разгледување на случаи од праксата, а ќе се споделат и препораки за спречување на судирот на интереси, кој, во постапката за јавна набавка, може да се јави кај членовите на комисијата за јавни набавки или кај одговорното лице на договорниот орган.

Воедно, работилницата ќе Ви помогне да стекнете знаења за тоа што се незаконски договарања во постапките за доделување договори за јавни набавки, кои се забранети со Законот за заштита на конкуренцијата.  Ќе се објасни што претстваува изјавата за независна понуда и зошто е потребно понудата да е доставена без договор со други економски оператопри.

Понатаму, ќе се презентира што се забранети договори, вообичаените видови на забранети договори, производи и услуги за кои најчесто се јавуваат забранети договори, како договорните органи да ги препознаат индикаторите кои укажуваат на постоење на забранети договори, како да постапи договорниот орган доколку се сомнева во постоење на забранет договор и кои се последиците за економските оператори и за самиот процес на јавна набавка.

На работилницата ќе бидат презентирани и примери на досега утврдени забранети договори во процесот на јавните набавки од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната покана, агендата и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на работилницата, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk