Симпозион – консалтинг

Ефикасност во планирањето, изготвувањето и реализацијата на буџетот кај буџетските корисници

Едукација

Со задоволство Ви ја најавуваме работилницата на тема „Ефикасност во планирањето, изготвувањето и реализацијата на буџетот кај буџетските корисници“, која Симпозион ја организира на 22 мај во хотелот „City Park“ – Скопје.

Целта на оваа работилница е да се унапредат и продлабочат знаењата и вештините на актерите во процесот на планирањето, изготвувањето, реализацијата на буџетот кај буџетските корисници, како и следењето на неговото извршување.

На работилницата, освен одредени коментари за законските и подзаконските акти, посебно внимание ќе се посвети и на интерните акти што буџетските корисници треба да ги донесат – заради непречено оптпочнување на процесот на планирање, изготвување и реализација на буџетот – во кои треба да се предвиди распределбата на надлежностите, начинот на утврдување на потребите и нивната усогласеност со буџетот, потребите од целосност и навременост на активностите, како и кадровска екипираност на учесниците во процесот.

Посебно внимание ќе се посвети на презентирање/пополнување/проверка на активностите во фазите на процесот на буџетирање, и тоа во однос на стратешкиот план на буџетските корисници, процедурата за планирање, следење и извршување на буџетот на буџетските корисници, предлог-буџетска пресметка, прегледите за следење на извршување на буџетите со цел да се утврдат:

  • состојбите во однос на процесот на планирањето, изготвувањето и извршувањето на буџетот,
  • предизвиците со кои се соочуваат буџетските корисници,
  • препораки за постапување како да се постигнат подобрувања на процесот.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk