Нова едукативна сезона: Енергетската ефикасност кај јавните објекти

Едукација

Со задоволство Ви го најавуваме првиот настан од новата едукативна сезона на Симпозион, која започнува во септември. На 6 септември, во хотелот „Романтик“ (Велес) започнуваме со работилница на нова тема, чија значајност се зголемува со неверојатна брзина: „Подобрување на енергетската ефикасност кај јавните објекти“.

Пристапувајќи му на прашањето за рационална потрошувачка на енергија, оваа работилница ќе го постави фокусот на енергетската ефикасност. Со оглед на фактот дека јавните и приватните објекти имаат огромен удел во финалната потрошувачка на енергија, системскиот пристап кон подобрување на енергетската ефикасност во овој сектор е од незаменливо значење. За јавните објекти во Македонија, како значаен потрошувач на енергија, од особено значење е да бидат проектирани, изведени, но и експлоатирани на начин што ќе овозможи оптимална потрошувачка на енергија и оптимални оперативни трошоци во текот на животниот век. Едукацијата во оваа област е клучен фактор за разбирање на важноста на предизвикот и соодветно пристапување кон него. Особено со оглед на важноста на оваа проблематика во светски рамки и вниманието што институциите на Европската Унија му го посветуваат – преку директиви, проекти и строги стандарди, насочени кон генерирање системски пристап и континуирано подобрување на енергетската ефикасност, сигурност, употреба и потрошувачка.

Целта на работилницата е запознавање на стручните лица во јавните објекти и институции со важноста на рационалната потрошувачка на енергија, со цел намалување на трошоците за енергија во објектите, како и препознавање на потенцијалот и можностите за остварување на заштеди на енергија. Работилницата ќе опфати преглед на примери на добра пракса од областа, како и преглед на одредени финансиски инструменти за поддршка на вакви проекти во јавниот сектор.

Ве покануваме да ја разгледате комплетната поканаагендата и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на работилницата, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk