Новините во ЗЈН визави класичните институти на договорното право

Едукација

Следната обука во организација на Симпозион ќе се фокусира на спецификата на договорот за јавни набавки како посебен вид управно-правен договор во македонското право. Интерактивната буката под наслов „Новините во законот за јавни набавки визави класичните институти на договорното право“ ќе се одржи на 1април во Best Western Hotel Turist“ – Скопје. 

Со ангажманот на најстручните во областа како обучувачи/ментори, ќе направиме обид, преку анализа на решенијата содржани во новиот Закон за јавни набавки, да се укаже на измените што ја определуваат правната природа на овие договори  и можноста за примената на класичните институти на договорното право на овој вид на договори.

Ќе се обидеме да одговориме на прашањата за разграничување на правните последици од недостатоците во спроведувањето на постапката до склучувањето на договорот, како и за правните последици за склучени и исполнети договори за кои постојат причини за апсолутна ништовност. На обуката ќе стане збор и за можноста за менување на договорите кои настанале во постапка за јавни набавки според законските решенија содржани во новиот Закон за јавни набавки, a ќе се отворат и прашања во врска со примената на класичните институти како причини за раскинување на договорите за јавни набавки – неисполнување, доцнење со исполнување, неправилно исполнување, променети околности, примена на институтот на виша сила на овие договори и сл.

За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.


Воедно, Ве информираме дека сè уште отворен повикот за пријавување за учество на следниве обуки:
Примена на новиот закон за јавни набавки (Скопје) (4 април)
Работилница во Атина: Примена на новиот Закон за јавни набавки (16–18 мај)