Најдобра вредност за парите – како до најдобриот понудувач со најповолна понуда (Истанбул, октомври 2023)

Едукација

Во пресрет на есента 2023, по завршените темелни подготовки, го објавуваме првиот повик за учество на тридневниот стручен семинар „Најдобра вредност за парите – како до најдобриот понудувач со најповолна понуда“, кој во периодот 4–7 октомври Симпозион ќе го реализира во една од најимпресивните светски престолнини – Истанбул, Турција.

Поаѓајќи од основната цел на целокупниот процес на јавни набавки е – да се обезбеди најдобра вредност за парите – разработивме работна агенда преку која ќе помогнеме да ги разберете сите практични предизвици поврзани со изборот на најдобриот понудувач, преку согледување на важноста на квалификацискиот процес и правилното одредување на минималните услови и докази за утврдување на способност на економските оператори. Темелно ќе бидат разработени принципите и начините за правилно одредување на критериумите за најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот, согласно спецификациите на предметот на набавка, за да биде избрана најповолната понуда. Содржините, за кои ве покануваме да прочитате повеќе, се осмислени во соработка со водечките експерти во областа на јавните набавки во нашата земја, а работниот план е структуриран на начин што ќе овозможи ефективно усвојување на клучните знаења.

Главните засегнати лица и групи што имаат директен интерес за учество во оваа практична работилница се договорните органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица за јавни набавки и други лица вработени кај договорните органи), економските оператори (одговорни лица, лица кои ги подготвуваат понудите и лица кои ја следат реализацијата на договорите), лицата кои сакаат професионално да се занимаваат со јавни набавки, како и сите други лица заинтересирани или на различен начин поврзани со јавните набавки.

Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 1 септември, исто така, предвиден е попуст од 10% на целиот аранжман и  котизацијата за учество.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

Детално разработената програма на патувањето, пак, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот и местата на посета во Истанбул, ќе биде доставена до заинтересираните учесници кои ќе се обратат до нас или ќе испратат барање.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.

Симпозион не отстапува од својата мисија во стручната едукација – да го понуди највнимателно одбраното знаење и искуство, обезбедувајќи ги притоа најдобрите локации и услови за остварување на едукативните програми. Само при идеалниот спој на овие две страни на едукацијата ги заклучуваме нашите планови за реализација и објавуваме покана за учество на засегнатите лица и групи.