Есенски работилници во Истанбул

Едукација

Симпозион посвети неколку месеци за да ги пресретне вашите есенски планови, организирајќи две работилници во октомври и ноември – овој пат на веројатно најживописната точка каде што Европа и Азија се среќаваат, во Истанбул.

Овој исчекор го правиме во пресрет на вашите изразени интереси и на актуелните потреби за конкретни знаења, упатства и практични искуства. Разработивме сеопфатна агенда придружена со богата и исклучително квалитетна програма на патување за три претстојни работилници од следниве области:

4-7 октомври – ЈАВНИ НАБАВКИ

15-18 ноември – ПОПИС НА СРЕДСТВА И ОБВРСКИ

15-18 ноември – ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

Едукативните програми што ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области. Аранжманот за двата едукативни настани опфаќа три ноќевања и четири полни денови во престолнината на Турција, со посета на најзначајните културни, архитектонски, историски и гастрономски точки во овој мегаград. Обезбедивме првокласна локација, одлични услови за сместување на гостите и спроведување на работилниците, при што едукативната програма ја поврзавме со програма на патување која опфаќа посети на многу знаменитости во Истанбул и квалитетна рекреација на босфорските води.

Следете нè за да се запознаете со деталите за овие три работилници: начинот на пријавување, промотивните пакети за рано пријавување, деталната тематска агенда на работилниците, составот на предавачите, програмата за патување, како и содржината на пакет аранжманот.

Пред нас е есен полна со уникатни глетки, вкусови и мириси!
А пред сè – внимателно одбрано знаење.