Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење (22–23 септември, Стар Дојран)

Едукација

Постојано посветувајќи темелно внимание на областа на канцелариското и архивското работење, Симпозион ја подготви претстојната дводневна обука на тема „Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење“, која ќе се одржи на 22 септември 2022 г. во „Hotel La Terrazza“ (Стар Дојран).

Обуката темелно ќе ја опфати и обработи правната рамка (условите, причините и последиците) која е предметна и значајна за архивската дејност. Благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на експертот под чие раководство ќе се одвива обуката, ќе биде посветено посебно внимание на примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Покрај ова, подробно ќе се разгледаат правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која е регулирана со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ) и со подзаконските акти. Недоследностите, грешките и пропустите во работењето на имателите ќе бидат пресретнати со можни и применливи решенија за нивно надминување – на ова посветивме посебен блок во работната агенда. Обуката ќе се одвива под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во оваа област во земјава.

Учеството на овој стручен едукативен настан од областа на канцелариското и архивското работење вклучува превоз до предвидените локации со туристички пратител, ноќевање со појадок во Стар Дојран, свечена вечера со рекреативна програма, освежување, кафе и вода на паузите, сертификат за учество и работен материјал од работилницата.

Покрај работниот дел, агендата на настанот вклучува и организирана посета на Солун, со вклучен превоз и туристички пратител.

Учесниците на обуката ќе имаат можност да ја набават книгата „Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски, по промотивна цена.

Ве покануваме да прочитате повеќе за обуката во рамките на деталната »ПОКАНА И АГЕНДА«. За пријава на своето учество, Ве молиме да ни испратите пополнет »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.