Ни претставува задоволство да Ве поканиме на работилницата на тема: „Најчести прашања и проблеми во јавните набавкинаспрема предизвиците кои произлегуваат од новините што следуваат“.
Оваа работилница претставува продолжение на воспоставената практика за размена на знаења, вештини и практични искуства со цел разрешување на проблемите и дилемите во примената на одредбите на Законот за јавните набавки, како и презентирање на новините што ќе следуваат. Препознатливи експерти за јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа – особено на полето на креирањето на политиките за јавни набавки, следењето на законска регулатива, спроведувањето на постапките за јавни набавки и следење на реализацијата на договорите и спроведувањето на правната заштита – се предавачите на оваа работилницата и од нив ќе добиете детални информации, инструкции и насоки како за темите кои ќе се обработуваат, така и за сите ваши прашања, во насока на спроведување на постапките за јавни набавки со помалку проблеми.
Работилницата ќе се реализира, според приложената агенда, во периодот од 15–17 ноември 2018 година, во Софија, Република Бугарија и ќе биде проследена со богата програма на патувањето, која Ви ја испраќаме во прилог и Ве покануваме да ја разгледате заедно со поканата и агендата за самата работилница. За пријава на Вашето учество ве молиме пополнетиот пријавен лист, кој исто така Ви го испраќаме во прилог, да ни го испратите на info@simpozion.mk
Ве информираме дека доколку се пријавите и извршите уплата до 5 ноември 2018 година, добивате 10% попуст на вкупниот износ.
Ве покануваме да ги разгледате и другите претстојни обуки во организација на Симпозион:
- „Дисциплинска постапка за административни службеници и најчести пропусти на првостепените органи при водење на постапката“ (31 октомври, во хотелот „City Park“ – Скопје)
- „Мeханизми за проценка на ризици во работењето на организациите, вклучувајќи и ризици од корупција“ (1 ноември, во хотелот „City Park“ – Скопје)
За сите дополнителни прашања, Ви стоиме на располагање на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.