Семинар во Стар Дојран за постапките за јавни набавки: операционализирање и интегрирање на барања, критериуми, услови и стандарди

Едукација

Поаѓајќи од неодминливата потреба да се воспостави баланс помеѓу ефективноста и флексибилноста на постапките за јавни набавки, од една страна, и нивната транспарентност и критериумска поставеност која ги отвора вратите за повеќе учесници, од друга страна, ја согледуваме важноста од едукација во оваа област. Постигнувањето на овој баланс претставува предизвик за лицата кои се занимаваат со јавните набавки. Затоа, тие треба да знаат како оптимално да ги операционализираат и интегрираат барањата, критериумите, условите и стандардите во нивните постапки за јавни набавки, како и да се справат со барањата што поизлегуваат од контролите и ревизиите.

Во таа насока, со задоволство Ве поканиме да учествувате во интерактивната обука на тема: „Операционализирање и интегрирање на барања, критериуми, услови и стандарди во постапки за јавни набавки“, која на 21–23 ноември Симпозион ја организира во Hotel La Terrazza – Стар Дојран.

Овој практичен семинар ќе ви понуди решенија за секојдневните предизвици со кои се соочувате при спроведувањето на постапките за јавни набавки. Ќе добиете увид во новините на ЕСЈН, примери на најдобри практики и како најефикасно да ги примените одредбите за критериумите за утврдување способност, користење способност од друг субјект, подизведување, критериуми за доделување на договор и адекватно да се справите со предизвиците кои можат да се јават при реализација на набавката.

Семинарот ќе биде особено полезен за лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои и помагаат на комисијата при евалуацијата, економски оператори, лица од академската заедница кои ги изучува јавните набавки, студенти кои ги изучуваат јавните набавки, и др. Подлабочете го вашето професионално знаење и научете како да ги избегнете правните стапици.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите Ваше учество ве молиме да ни го испратите пополнет овој »пријавен лист« на info@simpozion.mk.

На оваа адреса Ви стоиме и на располагање за сите прашања што може да ви се појават.