Поради големиот интерес, повторно: Годишен план за спречување корупција

Едукација

Поради големиот интерес што беше пројавен од страна на многумина вработени, одговорни лица и претставници на државните и јавните институции, но и на приватниот сектор, Симпозион организира втора едиција на интерактивната работилница насловена „Годишен план за спречување на корупција“. Работилницата, која овој месец се одржа со одлична посетеност и со високи оценки од страна на учесниците (погледнете повеќе овде), ќе биде спроведена повторно на 6 јули 2021 г. (вторник), на отворено, во ресторанот „Бела вода“, на Велешкото Езеро.

Во насока на реализација на оперативниот документ „Акција 21“ – План за борба против корупцијата е и носењето на Годишен план за спречување на корупцијата од страна на институциите формирани од Владата, сите друштва формирани од Владата, акционерските друштва, јавните претпријатија и останатите институции, како и од страна на општините (како препорака).

Изработката на Годишниот план за спречување на корупција е обемна, комплексна и одговорна работа. Тој претставува моќна превентивна алатка во борба против корупција и треба да ја измени перцепцијата за борбата против корупцијата. Потребно е зголемување на свеста за принципите и бенефитите од спроведувањето на планот за спречување на корупција. Вработените треба да ја разберат целта и очекуваните резултати од спроведувањето на Годишниот план за спречување на корупција.

Поради тоа ја организираме оваа работилница, која ќе биде исклучително полезна за сите вработени лица на различните нивоа на управување согласно доделените овластувања и одговорности, за сите раководни лица на различните нивоа на управување согласно доделените овластувања и одговорности, како и за сите одговорни лица на институции.

Повеќе за работилницата можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.