Нова тематска работилница успешно реализирана

Архива

Rаботилница на тема „Дисциплинска постапка за административни службеници и најчести пропусти на првостепените органи при водење на постапката“ помина во пријатна работна атмосфера во средата, 31 ноември.

Работилницата беше водена од експерти во областа, со долгогодишно искуство во управувањето со човечки ресурси во државните органи, како и во примената на правата од работен однос на административните службеници. Г-динот Миланчо Успрцов, актуелен генерален секретар на Агенцијата за администрација го објасни, како вовед, делот што се однесуваше на различните типови дисциплински постапки согласно уредбите на Законот за административни службеници.

Потем, заедно со г-динот Димитар Каранфиловски, државен советник за правни работи во Агенцијата за администрација, беше направен осврт на искуства од праксата во однос на најчестите пропусти од страна на првостепените органи при спроведување на постапката за утврдување дисциплинска неуредност и дисциплински престап.

Присутните учесници, од повеќе државни институции, високо го оценија квалитетот на содржините, дискусиите и предавачите, а повеќемина изразија и интерес за проширување на тематскиот фокус за идни работилници и обуки од оваа област.

Во меѓувреме, тимот на Симпозион вредно се припрема за следната обука, која во средината на месец ноември ќе ја реализираме во Софија, Бугарија: „Најчести прашања и проблеми во јавните набавкинаспрема предизвиците кои произлегуваат од новините што следуваат“. Ви предлагаме да ја погледнете најавата за овој семинар за повеќе информации.