Управно-правни и кривично-правни аспекти во постапките за јавни набавки

Архива

На 21.02.2017 година, Симпозион спроведе уште една интерактивна обука на која за прв пат беше разработена една многу интересна тематика која посебно ги засега договорните органи: битните повреди на ЗЈН кои се основ за примена на казнените одредби и процесната имплементација на казнените одредби, како и делови од Законот за општа управна постапка кои се однесуваат на правилно спроведување на постапките за доделување на договор за јавна набавка. Обуката беше водена од правни експерти и професори кои самите се автори на законската регулатива која беше предмет на обуката: проф. д-р А. Павловска-Данева, проф. д-р Г. Бужаровска и м-р М. Малахова, претседателка на Државната комисија за јавни набавки.

„Презадоволни сме од целата обука, особено од опфатените содржини и начинот на кој истите беа обработени од предавачките. Прва обука на ваква тема за која ние имаме слушнато и беше исклучително корисна.“ – Б. Златановска и А. Јанева од Општина Бутел.

„Беше ставен акцент на одредени делови од законската регулатива кои допрва треба да заживеат и за кои не сме доволно упатени. Потребна е едукација и понатаму, ова се битни теми и одлично што беа отворени.“ – Л. Накова-Кардулоска од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

„Задоволни сме што имаше постојана интеракција и беше оставен поголем простор за дискусија, особено во делот на Маја Малахова. Беа направени одредени битни разграничувања во кои како договорни органи обично не навлегуваме, а треба. Во иднина, семинар на оваа тема би можел да се организира во формат на панел дискусија, еден вид на размена на искуства на сите учесници и од истата да произлезат заклучоци и предлози кои ќе бидат доставени до соодветните институции.“ – В. Поповски и П. Спасевски од ЈП за државни патишта.