Почетни чекори во постапките за јавни набавки

Архива

На 23 и 24 ноември 2016 година, во хотелот „City Park“ – Скопје, Симпозион успешно спроведе дводневна интерактивна обука за јавни набавки наменета за договорни органи кои имаат вработени почетници во практикувањето на јавните набавки.

Основната цел на обуката беше учесниците да се запознаат со начинот на реализација на постапките за јавни набавки во пракса, и тоа од подготвување на планот за ЈН, донесување на одлука/решение за спроведување на постапките, анализа на пазарот, подготовка на тендерската документација, отворање и евалуација на понудите, завршување на постапките и склучување договор со подготовка на комплетната документација (согласно законот и подзаконските акти) за оформување на досието од спроведените постапки.

На обуката преку видео презентација беше разработен начинот на спроведување на една комплетна постапка за јавна набавка со користење електронски средства преку ЕСЈН.

Последниот дел од обуката беше резервиран за презентирање на практични примери од правната заштита во јавните набавки, надлежностите и постапувањата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, битните повреди на ЗЈН во постапките и обврските на договорните органи по добиените решенија од ДКЖЈН.

Обуката беше оценета од посетителите со највисоки оценки.