Успешно реализирани работилници — обврска и основа за високиот квалитет на претстојната стручна едукативна програма

Архива

Со одлични резултати, големо присуство и највисоки оценки беше реализирана минатонеделната стручна работилница посветена на новините во Законот за јавните набавки, чија работна агенда ги стави во фокус најчестите дилеми во стручната практика. Преку серија концентрирани сесии беа дадени јасни и применливи препораки за успешни постапки.

Работилницата, која беше остварена во удобните услови на Park Hotel & Spaво Скопје, ја водеа експерти од раководството на Бирото за јавни набавки, применувајќи стручен, директен, сеопфатен и интерактивен пристап за да дадат увид во важните новини на јавните набавки во оваа исклучително динамична година. Во текот на интензивните предавања и опширни дискусии беа подробно тематизирани најактуелните проблеми: новите надлежности на Бирото за јавни набавки, новите основи за поништување на постапката, новините во правната заштита, значењето на новата административна проверка на тендерската документација и на ограничувањето за спроведување електронски аукции. Учесниците на работилницата ги дознаа и совладаа начините за разрешување и превенирање на проблемите кои се појавуваат во одделните фази од постапките за јавна набавка.

Оваа работилница ќе биде повторена со истата работна агенда, во истите удобни услови и под раководство на истиот состав од докажани експерти на 5 март (среда). Повторувањето е резултат на силниот интерес и брзото пополнување на првиот термин. Преостанати се уште неколку места за учество на стручната работилница „Новини во Законот за јавните набавки, најчести дилеми и препораки за успешни постапки“ на 5 март, кои ве покануваме да ги искористите пријавувајќи учество. Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk. Минатиот месец Симпозион исто така успешно реализираше две дводневни работилници во областите на завршната сметка и на јавните набавки. Пренесувајќи им ја на групата учесници неопходната концентрирана, практична и експертска подготовка за успешно справување со работните задачи, првата работилница беше фокусирана на годишната сметка како законска обврска за одговорните сметководители и финансиските работници и како реален и објективен отчет на трансакциите во сметководствената евиденција. Втората работилница го стави централен фокус она што го носи во областа на јавните набавки во 2025 година, со акцент на законските новини, како и значителното влијание на технолошкиот напредок и геополитичките промени.  Работилниците ги реализиравме во Белград, каде што избравме и приредивме водечка експертиза, најсовремена методологија и најдобра работна средина за почитуваните колеги.

На агендата на Симпозион во блиска иднина претстојат неколку внимателно подготвени едукативни настани во неколку стручни области на кои секогаш им одделуваме големо внимание и преку кои ќе придонесеме кон повишување на одговорноста, компетентноста и професионалноста на стручните лица. Следуваат тридневни работилници во областите на заштитата на личните податоци (април), финансиските контроли и управувањето со ризици (април), финансиското планирање и јавните набавки (мај), стручната практика на медицинските сестри (мај).

Повеќе за овие претстојни едукативни настани можете да дознаете во нашите последни објави.
▸▸▸▸▸
Стручна едукација во април и мај | Клучни работилници во најава
▸▸▸▸▸
Заштита на личните податоци: нови правила за одржување на системот | Внатрешни контроли, управување со ризици и стратешко планирање | 2—5 април, Истанбул
▸▸▸▸▸
Во продолжение следува мала галерија од нашата последна реализирана работилница. Остануваме во редовна служба на вашиот професионален напредок пренесувајќи внимателно одбрано знаење.

\\