Ефикасност и ефективност во планирањето на ЈН, мониторинг и известување за реализацијата на планот за ЈН

Едукација

Планирањето претставува клуч за успешно насочување на активностите и изнаоѓање можности за порационално користење на ресурсите за остварување ефикасно и ефективно работење на субјектите од јавниот сектор. Тоа е главна функција на менаџментот од која произлегуваат сите други функции и поради тоа менаџментот е одговорен за воспоставување систем на планирање, со кој ќе се обезбеди навремено изготвување годишни планови во кои целите се соодветни на максимално расположливите ресурси, сè со цел минимизирање на ризикот од неисполнување на целите.

На 18 декември, среда, Симпозион организира интерактивна обука токму на оваа тема: „Ефикасност и ефективност во планирањето на ЈН, мониторинг и известување за реализацијата на планот за ЈН“ во хотелот „Best Western“, во строгиот центар на Скопје.

На обуката за оваа тема, освен одредени коментари за законските и подзаконските акти, соодветно внимание ќе се посвети и на интерните акти кои субјектите од јавниот сектор треба да ги донесат заради непречено донесување на планот за јавни набавки, во кои треба да се предвиди распределбата на надлежностите, начинот на утврдување на потребите од јавни набавки, неговата усогласеност со буџетите, потребите од целосност и навременост при подготовката на годишниот план, како и организациската поставеност и кадровска екипираност на единицата за јавни набавки.

Посебно внимание на обуката, благодарејќи на долгогодишното практично искуство на предавачите, ќе се посвети на одредени пропусти и грешки како при планирањето, така и при вршењето на мониторингот и реализацијата на планот за јавните набавки, со предлози и препораки за нивно надминување.

Овде можете да ги преземете целосната покана, агендата и пријавениот лист. Ги молиме заинтерисираните за учество во обуката да го испратат пополнет на нашата електронска адреса – info@simpozion.mk – најдоцна до 13 декември 2017 година.