Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење и новините што претстојат во оваа област

Едукација

Поради континураниот интерес и максималната посветеност на постојаното продлабочување на знаењата во професиналните области во кои дејствуваат нашите клиенти, со задоволство Ви ја најавуваме обуката на тема „Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење и новините што се претсојат во оваа област, која Симпозион ја организира на 27 ноември во хотелот „City Park“ – Скопје.

На обуката за оваа тема, под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава, на соодветен начин ќе бидат презентирани најавените измени во законската регулатива од областа на архивската дејност, ќе се прокоментира за значењето на архивскиот материјал, ќе се направи одредена паралела и анализа за новитетите во законските и подзаконските акти и основните техники во канцелариското и архивското работење. Посебно внимание на обуката, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети на одредени недоследности, грешки и пропусти во работењето на имателите со можни решенија за нивно надминување.

Учеството во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење вклучува и гратис книга Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски. За две или повеќе пријавени лица од иста институција, следува попуст од 10%.

Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, ползувајќи се со професионалното и академско знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Ова издание е жива адреса на која може да се упатуваат сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk

Воедно, тимот на Симпозион вредно се продготвува за уште една обука, која во средината на месец ноември ќе ја реализираме во Софија, Бугарија: „Најчести прашања и проблеми во јавните набавкинаспрема предизвиците кои произлегуваат од новините што следуваат“. Ви предлагаме да ја погледнете најавата за овој настан за повеќе информации.