Актуелното во фокус: нов концепт за јавна набавка на електрична енергија

Едукација

Симпозион го задржува постојаниот фокус на најважните актуелни прашања од стручната област на јавните набавки и во таа насока ја организира претстојната работилница „Нов концепт за јавна набавка на електрична енергија“, на која би сакале да ве поканиме да земете учество. Работилницата ќе се реализира на 9 февруари 2022 г. преку платформата ZOOM. Поради исклучителниот одзив и одличните резултати од минатата работилница на темата во декември, како и големиот интерес за повторно организирање на едукативниот настан, оваа работилница ја организираме по втор пат – со уште позначајни увиди и полезни насоки за реализација на новиот концепт за набавка на електрична енергија.

Целта на оваа интерактивна работилница во организација на Симпозион е да понуди еден сосема нов и поинаков концепт за изработка на тендерската документација за јавна набавка на електрична енергија (ЕЕ) во која критериумот за избор на најповолна понуда и останатите услови се креирани на начин кој одговора на моменталната и идната неизвесна  состојба на пазарот на ЕЕ.

Неминовно е договорните органи активно да се вклучат во изнаоѓање и користење нов применлив концепт за јавна набавка на ЕЕ, кој подразбира воведување нови правила и методи за пресметка на цената на потрошена ЕЕ и напуштање на постоечкиот концепт на дефинирање „фиксна цена за потрошена ЕЕ“, со цел враќање на конкурентноста и успешно завршување на постапките за набавка на ЕЕ со избор на најповолна понуда.

Работилницата е наменета за договорни органи – одговорните лица, лицата за јавни набавки, членовите на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата, лица кои го изготвуваат барањето за јавна набавка на електрична енергија.

Организирањето на оваа работилница добива дополнителна тежина со оглед на фактот дека новиот концепт за јавна набавка на ЕЕ што го применија договорните органи кои учествуваа на претходната работилница на истата тема се покажа како многу успешен и ги даде своите првични резултати со успешниот избор на најповолен понудувач, т.е. нов снабдувач на електрична енергија, Ве покануваме и поттикнуваме на учество во работилницата заради навремено и успешно спроведување на Вашата претстојна постапка за јавна набавка на ЕЕ.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.