Пролетната едукативна сезона одлично заокружена — високи оценки, силни впечатоци и трајни резултати

Архива

Со успешно реализираната тридневна стручна работилница „Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“, Симпозион ја заокружи својата пролетна едукативна сезона, потврдувајќи уште еднаш дека внимателно осмислената стручна агенда, високата експертиза на предавачите, практичната ориентација во едукативниот пристап и квалитетната организација на процесот пренесуваат знаења, искуства и вредности кои оставаат траен позитивен отпечаток во натамошното професионалното работење.

Дополнителна вредност секогаш додава широкиот круг на битни професионални контакти, кои отвораат пат кон поинакви гледни точки, кон полезни совети и толкувања, кон зголемување на практичниот опит и уште посмело пресретнување на предизвиците, проблемите и прашањата во секојдневното работење.

Во периодот од 8 до 11 мај во прекрасната прашка атмосфера, одлична и ангажирана група учесници од различни институции и сектори на јавната администрација учествуваше во интензивна и практично ориентирана работна програма, посветена на прашања кои денес се меѓу најзначајните за современото институционално работење: донесувањето одлуки, управувањето со ризици, организацијата и следливоста на процесите, документацијата, архивското работење и примената на актуелната правна рамка.

Работилницата во Прага беше реализирана со силен акцент на практичната применливост, анализа на реални ситуации и активната професионална дискусија меѓу колегите. Учесниците имаа можност не само да добијат конкретни насоки и стручни препораки, туку и да разменат искуства, да разрешат дилеми и прашања што директно произлегуваат од нивното секојдневно работење. Оваа интерактивна димензија и отворената професионална атмосфера повторно резултираа со највисоки оценки и коментари во спроведената евалуација.

Колегите ја оценија програмата како исклучително корисна, практична и прецизно насочена кон реалните потреби, издвојувајќи ја стручноста на предавачите, квалитетот на дискусијата, подготвените работните материјали, организацијата на сесиите и целокупниот тек на настанот. Највисоки оценки добија и организацијата на патувањето, централната локација и комфорот на престојот, со кои Симпозион и Травел Тудеј максимално пријатна, фокусирана и продуктивна атмосфера. Прага уште еднаш се потврди како идеална средина: покрај концентрираната работна агенда, учесниците ја доживеаја убавата чешка престолнина преку богата културна програма на патувањето.

Со оваа работилница Симпозион ја заокружува пролетната сезона на едукативни настани со чувство на голема професионална исполнетост и уште посилна мотивација за периодот што претстои. Веќе активно работиме на новите тематски програми, идните стручни работилници и внимателно одбираме локации и услови преку кои на уште повисоко ниво ќе ја продолжиме нашата мисија — пренесување внимателно одбрано знаење, практични насоки, вредни стручни искуства и висококвалитетна професионална поддршка за јавниот, приватниот и невладиниот сектор.

Особено сме горди што, веќе цела деценија, илјадници учесници од различни професионални области ја препознаваат вредноста и уникатноста на пристапот на Симпозион и ни ја доверуваат одговорноста за сопствената стручна едукација и професионален развој. Голем број институции, компании и индивидуални учесници остануваат наши долгогодишни соработници токму поради максималната посветеност, темелност и лојалност со која ги осмислуваме, подготвуваме и реализираме програмите, ги избираме времето, местото, темите и експертите.

Покрај стручната едукација во низа деловни области, Симпозион активно, посветено и со особено внимание во пристапот работи и во следниве стручни области:

Следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте директно со нас за сите професионални прашања и потреби.

Во продолжение следува мал избор кадри од атмосферата, работните сесии и глетките од нашето впечатливо мајско патување и стручната работилница во Прага.