Одржана работилница за реформите во системот на јавните набавки

Архива

На 22 март, четврток, во хотелот „Бест Вестерн“, Симпозион успешно оствари работилница под наслов „Реформи во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат.

Согласно предвидената агенда, под менторство на врвни експерти во областа, беа презентирани слабостите на актуелниот закон, со осврт на проблемите кои треба да се разрешат, а беа претставени и претстојните реформи во системот на јавните набавки преку дискусија за текстот на новиот закон. Предавачи на работилницата беа Рита Глигоријевска, м-р на правни науки, раководител на Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи во Бирото за јавни набавки; Маја Малахова, м-р на правни науки, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки; и Татјана Пешевска, раководител на внатрешна ревизија, овластен државен ревизор – сите во својство на препознатливи експерти за јавните набавки, со долгогодишно искуство во областа кои споделија информации, инструкции и насоки за новините кои нè очекуваат во областа на јавните набавки.

Учесници на работилницата беа претставници на договорни органи и економски оператори. Работилницата имаше интерактивен карактер и, покрај излагањата на предавачките, беше развиена и екстензивна дискусија на предвидените прашања.

Симпозион ги охрабрува сите луѓе од праксата на јавните набавки да се вклучат во дискусиите за новиот закон кој треба да се донесе. Во таа насока, организираме уште една обука на оваа тема, која е од исклучително значење за сите субјекти кои ги опфаќа системот на јавните набавки, овој пат во Суботица (Војводина). Прочитајте повеќе на следниот линк:
Суботица: Реформите во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат