Септември затворен со уште три успешни обуки

Архива

Септември помина со уште три успешни работилници организирани од Симпозион:

  •  Во рамките на дводневната работилница „Видови вработувања во јавниот сектор, со посебен осврт на вработувањата на административни службеници, унапредување и стручно усовршување на административните службеници“, при обработка на темата вработување во јавниот сектор, беа презентирани законските решенија и практичната примена на видовите вработувања (на неопределено и определено време, со полно и неполно работно време). Посебен акцент беше ставен на постапката за вработување на административен службеник (со детално објаснување на фазите на селекција), а разработката на темата ја опфати и постапката за унапредување на административните службеници.
  • Со оваа дводневна работилница „Предизвиците во јавните набавки – практични искуства“ ја продолживме воспоставената практика на размена на знаења, вештини и практични искуства со цел разрешување на проблемите и дилемите во примената на одредбите на Законот за јавните набавки. Работилницата беше водена од препознатливи експерти за јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа, особено на полето на креирањето и следењето на законска регулатива, компаративната анализа на домашната и меѓународната регулатива и правната заштита. Од нив ќе добиете детални информации, инструкции и насоки за спроведување на постапките за јавни набавки со помалку проблеми. На работилницата беа презентирани најчестите прашања и најчестите грешки што се прават при спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки, а беа споделени и инструкции и насоки за правилно постапување при спроведување на постапките.
  • Во рамките на оваа дводневна работилница Проценување, евиденција и проверка на билансните позиции, беше даден целосен осврт на сите активности, финансиски трансакции и информации што се реализираат во пресметковниот период од 1 јануари до 31 декември, кои понатаму се рефлектираат во финансиските извештаи и врз основа на кои се изработува завршната сметка. Беше разработен и начинот на евидентирање на трансакциите во деловните книги, и тоа напостојаните средства, капиталот, побарувања, обврски, залихи, приходи и расходи, со оглед на тоа што деловните книги обезбедуваат информации за состојбата и за движењата на средствата, обврските, изворите на средствата, приходите и расходите, даваат информации при планирање и извршување на средствата од Буџетот, при изработката и реализацијата  на финансиските планови, како и при изработката на завршната сметка.

Обуките, кои поминаа во одлична работна атмосфера беа спроведени во хотелот „Сириус“ – Струмица, а едукативната програма на втората и третата беше збогатена и со посета на Колешинскиот и Смоларскиот водопад, најпознатите локални знаменитости, водена од локален туристички водич.

Октомври ќе биде уште еден богат месец на нашиот едукативен календар. Првата работилница што претстои во овој месец,  „Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење и новините што се претсојат во оваа област, се одржува на 10 октомври во хотелот „City Park“ – Скопје. Прочитајте повеќе овде.