Поглед назад кон успешната дводневна обука од областа на канцелариското и архивското работење

Архива

Кон крајот на минатиот месец, Симпозион со голем успех и големо учество на колеги од областа ја спроведе интерактивната дводневна обука „Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење“ на убавиот југ од нашата земја. Во рамките на дводневна програма, патувањето во Дојран беше придужено со развиена работна агенда која беше сосредоточена на правната рамка (условите, причините и последиците) во архивската дејност и опфати корпус содржини посветени на правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, недоследностите, грешките и пропустите во работењето, со посебен акцент на можните и применливи решенија за нивно надминување.

Благодарејќи на долгогодишното практично и теориско искуство на д-р Ацо Ангеловски, под под чие раководство се одвиваше обуката, го поставивме фокусот врз примената на законските и подзаконските акти, односно нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Високиот интерес за обуката беше оценет не само преку големата посетеност, туку и преку квалитетот на дискусиите и позитивните коментари на учесниците, што секако нè уверува во значајноста и неопходноста на нашиот постојан труд во развивањето и специјализирањето на едукативните програми и настани во оваа стручна област.

Симпозион досега има спроведено низа обуки, семинари и работилници посветени на на канцелариското и архивското работење, а воедно организира и специјализирани in-house обуки и работилници во чии рамки програмата целосно се приспособува на потребите и барањата на засегнатата институција или компанија.

Во рамките на своите напори да го доближиме внимателно одбраното знаење, ја објавивме и книгата „Канцелариско и архивско работење“ во авторство Ацо Ангеловски, која ги адресира сите важни прашања, проблеми и дилеми во предметната област, сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал.

Следните настани што наскоро ќе ги реализира Симпозион се одвиваат во еден од највпечатливите светски градови – евроазиската метропола Истанбул. Малкуте преостанати места се достапни за заинтересираните колеги на два претстојни едукативни настани:

✓ „Управување со човечки ресурси во јавниот сектор“ – преку линкот е достапна програмата за оваа тридневна работилница, чија агенда цели кон детално запознавање со темите уредени со законите во областа на управувањето со човечките ресурси – во контекст на секојдневното работење.

✓ „Спроведување попис на средствата, побарувањата и обврските, усогласување на сметководствената со фактичката состојба и сметководствено евидентирање“ – преку работната агенда на оваа тридневна работилница ги приближуваме клучните знаења, искуства и практики за правилна и практична примена на законската регулатива неопходна за законито, точно и навремено спроведување на целокупната постапка на попис.

За да бидете во тек со останатите обуки и работилници што претстојат, следете го нашиот сајт и нашата Facebook страница. Остануваме посветени на препознавање на Вашите професионални потреби и пренесување внимателно одбрано знаење.

Во продолжение, малата фото-галерија дава визуелен увид во атмосферата на реализираната дводневна обука.