Интегрирано одржливо планирање на урбаните средини

Едукација

Претстои работилница на тема „Интегрирано одржливо планирање на урбаните средини преку транспарентен и научно базиран пристап во донесувањето одлуки“, која Симпозион ќе ја реализира во среда, 28 ноември, во хотелот „City Park“ – Скопје.

Одржливиот развој на урбаните средини е посебно осетлива катерорија, која треба да биде во фокусот на најширок опсег заинтересирани страни. Без разлика дали се работи за централна или локална власт, компанија, образовна институција,  домаќинство или поединец, секој со своите одлуки влијае на изгледот и развојот на градот.  Императивот што се наметнува пред сите нас е рационално користење на ресурсите (особено енергијата), одржливи сообраќајни решенија и квалитетен јавен транспорт, одржливо управување со отпадот, квалитетен воздух, развој на „зелената“ економија и сл. Токму затоа, оваа обука е фокусирана на одржливото урбано планирање, преку две важни теми – урбаната економија и донесувањето одлуки, односно учеството во донесувањето одлуки.

Работилницата овозможува презентација на можностите на овие техники и алатки во донесувањето одлуки, како и симулација на истите преку  структуирање и анализирање конкретен реален проблем. Работилницата ќе понуди и повеќе примери на добра пракса на одржливи градови, како и примери на учество на јавноста во донесувањето на одлуки.

За повеќе информации, Ве молиме разгледајте ја комплетната поканаагенда и пријавниот лист. Доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите пополнетиот пријавен лист на info@simpozion.mk

Тимот на Симпозион, воедно, вредно се подготвува за следната обука, која во средината на месец ноември ќе ја реализираме во Софија, Бугарија: „Најчести прашања и проблеми во јавните набавкинаспрема предизвиците кои произлегуваат од новините што следуваат“. Ви предлагаме да ја погледнете најавата за овој семинар за повеќе информации.