Рамковни спогодби: поим, практични примери, искуства (1–2 декември, Стар Дојран)

Едукација

За да одговори на најважните и најактуелните прашањата и проблеми кои директно ги засегаат учесниците во процесот на јавните набавки, Симпозион го организира завршниот настан од областа на јавните набавки за 2023 година со фокус на темата „Рамковни спогодби: поим, практични примери, искуства“. Дводневната обука ќе биде реализирана во интерактивен формат на 1 и 2 декември во хотелот „La Terrazza“ – Стар Дојран.

Вашето учество на оваа овој тематски едукативен настан од областа на јавните набавки ќе значи стекнување јасна слика за важните информации, техники и искуства поврзани со рамковните спогодби, кои се практичен, применлив и корисен начин за доделување на договорите за јавни набавки. Во рамките на четири работни сесии ќе биде разјаснета суштината на рамковните спогодби, начинот на склучувањето и нивното времетраење, видовите на спогодби, доделувањето на поединечните договори преку рамковните спогодби, потребата од известување за доделени поединечни договори за јавни набавки, правото на жалба на доделениот поединечен договор и други корисни практики. Притоа, обуката ќе биде придружена со пријатна атмосфера и квалитетна програма предвидена за двата дена на патувањето.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична работилница се договорни органи (одговорно лице, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата), економски оператори (управители, лица кои ги подготвуваат понудите), лица од академската заедница кои ги изучуваат јавните набавки, студенти кои ги изучуваат јавните набавки, невладиниот сектор, кој будно ја следи состојбата во важните домени на нашата држава, и сите лица чие работење е во допир со јавните набавки.

Повеќе за дводневната интерактивна обука можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате со испраќање »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса: info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.