Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот: зошто, кога и како | 17 септември во Скопје

Едукација

По темелна подготовка на содржините, работниот пристап и практичните материјали, сега официјално го отвораме повикот за учество на долгоочекуваната стручна работилница „Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот: зошто, кога и како“, која на 17 септември (четврток) ќе ја реализираме во пријатната атмосфера на „Ореов лад“ во Скопје. Официјалната покана и агенда за овој клучен настан во областа на јавните набавки се сега достапни, а можноста за пријавување е веќе отворена.

Преку сеопфатен, достапен и практичен начин стручната агенда ќе ги разјасни сите прашања кај учесниците поврзани со примената на пристапот на најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот како критериум за избор. Симулирајќи ги со еднакво внимание и важност позициите на договорните органи и на економските оператори, учесниците ќе работат во групи врз дадена студија на случај за да го применат стекнатото знаење и да ги оценат резултатите од примена на апсолутниот модел на евалуација на понудите наспрема релативниот модел.

Непосредната работа во групи врз практичен пример ќе им даде можност на учесниците сеопфатно и директно да ги разберат критериумите за избор, односно како треба и како не треба да се користи пристапот на најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Преку разгледување на реалната практика ќе ги развијат неопходните вештини за правилна примена на овој пристап во секојдневното спроведување на јавните набавки, собирајќи ги сите негови придобивки.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во стручната работилница се:

договорните органи (лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, внатрешни ревизори и други лица вработени кај договорните органи) — затоа што ќе Ви помогне да ги разјасните сите дилеми поврзани со примената на членот 99 од Законот за јавните набавки.

економските оператори (управители, лица задолжени за подготовка на понудите) — затоа што ќе Ви помогне успешно да ја подготвите Вашата понуда без да ризикувате нејзино отфрлање како неприфатлива.

останатите заинтересирани лица чии интереси и работење се во допир со јавните набавки — затоа што ќе Ви овозможи детално да се запознаете со еден особено важен дел од Законот за јавните набавки.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје, работните сесии и содржини, можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸

ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“ (14—17 ноември, Рим, Италија) — попустот за рано пријавување е во тек, пријавете го вашето учество поскоро.

Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“ (14—17 ноември, Рим, Италија) — попустот за рано пријавување е во тек, пријавете го вашето учество поскоро.

Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“ (14—17 ноември, Рим, Италија) — попустот за рано пријавување е во тек, пријавете го вашето учество поскоро.

Планирање, јавни набавки и финансии — од потреба до најдобра вредност за парите“ (27—30 ноември, Мадрид, Шпанија) — попустот за рано пријавување е во тек, пријавете го вашето учество поскоро.