Движејќи се низ богатата и успешна есенска едукативна сезона, ја најавуваме следната стручна работилница која го зазема клучното место на блискиот хоризонт: „Новини во законот за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници“, која со дводневна програма во периодот 4—5 декември ќе ја реализираме во „Цар Самуил Спа“ — Банско, Струмица. Официјалниот повик за учество на овој важен настан во областа на човечките ресурси, јавниот сектор и административните службеници е отворен, заедно со можноста за пријавување учество.
Работилницата ја организираме во одговор на редовните барања од колегите од јавната администрација, а исклучително актуелната тема и содржините ги адаптираме за да бидат полезни, интересни и применливи за што поширок круг соработници. Во одличниот избор на локацијата, пак, се убедивме со високите оценки на нашите соработници и учесници на нашите тековни настани од едукативната програма.
Главните теми на овој стручен едукативен настан се клучните закони за администрација — Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, со акцент на најновите измени и дополнувања усвоени од страна на Собранието во октомври 2026 година. Преглед на законските новини кои ќе бидат темелно разработени на работилницата дава поканата за настанот. Целта на стручната работилница е да ги претстави клучните новини во новата правна рамка, да ги разјасни разликите во однос на досегашната практика и да ги подготви учесниците за практичните предизвици во примената на новите правила и постапки.
Особена додадена вредност на работилница носи освртот кон Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници и приближувањето на концептот на интегритет во јавниот сектор — тема која станува сè поактуелна, особено во контекст на спречувањето на корупцијата и унапредувањето на етичкото однесување, како предуслов за доброто владеење и јакнењето на довербата во институциите и администрацијата.
Во главен фокус на стручниот настан се вработените во јавниот сектор, особено лицата кои работат на управување со човечките ресурси, назначените лица за интегритет, раководните лица на институциите, невработените лица заинтересирани за работа во јавниот сектор, адвокатите кои се занимаваат со заштита на правата кои произлегуваат од работниот однос на вработените во јавниот сектор и други заинтересирани лица.
Повеќе за содржините и работните сесии можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка!





