Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка | Тридневна стручна работилница во ПРАГА | 8—11 МАЈ

Едукација

Симпозион официјално го отвора повикот за учество на тридневната стручна работилница „Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“, која ќе биде реализирана во периодот од 8 до 11 мај 2026 во главниот град на Чешка — Прага, една од највпечатливите светски престолнини.

Стручната работилница е внимателно осмислена во одговор на потребите и барањата од колегите од јавниот сектор како практична и интерактивна обука, насочена кон унапредување на знаењата и вештините за одговорно, законито и ефикасно институционално работење.

Во продолжение следуваат краток опис на работилницата и потребните материјали за пријава.

▸▸▸▸▸
ОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР — ОДЛУКИ, РИЗИЦИ, ПРОЦЕСИ, ДОКУМЕНТАЦИЈА И ПРАВНА РАМКА
8—11 мај, ПРАГА

Преку поврзување на секојдневните работни процеси со донесувањето одлуки, управувањето со ризици, протокот и архивирањето на документацијата, како и преку јасно согледување на улогата, соработката и поделбата на надлежности помеѓу секторот за финансиски прашања и правниот сектор, учесниците ќе стекнат практичен и разбирлив увид во функционирањето на јавните институции. Работилницата се базира на анализа на реални случаи од институционалната практика и ги опфаќа оперативните и стратешките ризици, ризиците во институционалните процеси, како и новините во Законот за систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, заедно со новата методологија за управување со ризици и последните измени во Законот за користење и располагање со стварите во државна и општинска сопственост. Посебен акцент е ставен на значењето на целосната и следлива документација и архивското работење како предуслов за транспарентност, институционална заштита и отчетност, како и на воспоставувањето превентивни механизми и информирано донесување одлуки во согласност со важечката правна рамка.

▸▸▸▸▸
ВАЖНИ АСПЕКТИ: ЗАСЕГНАТИ УЧЕСНИЦИ, ФОРМАТ И ПРИЈАВУВАЊЕ

Поаѓајќи од централните теми кои ќе бидат сеопфатно разработени и дискутирани во рамките на едукативната агенда, главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во тридневната стручна работилница се вработените во јавниот сектор, особено лицата од правните, финансиските, административните и архивските служби, како и лицата вклучени во јавните набавки, плаќањата, наплатата на приходи, управувањето со договори и јавен имот, управувањето со човечки ресурси, раководните лица и координаторите за управување со ризици.

Работилницата е внимателно и соодветно конципирана за да отвори врата кон предметната област и точно да ги упати сите засегнати лица, како и оние кои имаат различна поврзаност, професионален афинитет или интерес за опфатените теми и споменатите сектори и дејности.

Сите содржини ќе бидат разработени практично, директно и со низа примери. Дополнителна вредност на вашето учество носи можноста за сопствените проблеми и искуства во работењето да разговарате и најдете решенија со искусен и водечки експерт.

Повеќе информации за работниот план и содржините на кои ќе им биде посветена работата низ пет едукативни сесии се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРОГРАМА И ЛОКАЦИЈА: ПРАГА, ЧЕШКА

Работната агенда на работилницата и патувањето ќе ги реализираме во Прага, во исклучително квалитетни услови кои овозможуваат концентрирана работа, квалитетна размена на искуства и активно професионално поврзување. Покрај едукативниот дел, учесниците ќе имаат можност да ја доживеат чешката престолнина на уникатен начин преку квалитетна тридневна програма на патување, која ја претставува Прага и нејзиното културно наследство во најдобра светлина. Настанот ќе се одвива на централна локација со максимално пријатни услови и квалитетно искористување на времето во овој фасцинантен европски град.

Повеќе информации за богатата придружна програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе ни се обратат преку официјалната електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.

▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 6 март е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.

Симпозион со оваа работилница пренесува внимателно одбрано знаење, врвна експертиза и практична применливост, во служба на одговорно и ефективно работење во јавниот сектор.

Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка.

▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“ (24—27 април, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 23 февруари

Економските оператори во јавните набавки — од анализа на тендерската документација до подготовка на понудата, жалба и склучување на договорот“ (26 февруари, Скопје)

Подготовка за надворешна ревизија: што да се очекува и како да се постапува“ (12 март, винарија „Queen Maria“, Демир Капија)