Укажувачите во заштита на јавниот интерес: законска рамка и предизвици

Едукација

Претстои уште една работилница во организација на Симпозион во претстојниот месец. На темата „Укажувачите во заштита на јавниот интерес: законска рамка и предизвици“, на 18 септември организираме работилница во хотелотРомантик“ – Велес)

Укажување, или т.н. whistle-blowing, е постапка извршена од лице уверено дека јавниот интерес го надминува интересот на институцијата, организацијата или правното лице со која е или било во деловен однос, со која алармира, односно пријавува дека во организацијата се извршува казнива, неетичка, незаконита или друга недозволива активност. Оваа работилница има за цел да го промовира и образложи значењето на укажувањето, начините на кои може да се изврши заштитено укажување, начинот на постапување со пријавите, како и заштитата што им се обезбедува на укажувачите.

Подетален опис на содржините на работилниците и повеќе информации за програмата на аранжманот можете да најдете во приложенитите покана и агенда, како и во пријавен лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество, ве молиме да ни го испратете наinfo@simpozion.mk.

Воедно, дозволете да Ве потсетиме дека наближува крајниот рок (3 септември) за пријавување за учество во еднодневната работилница на тема „Подобрување на енергетската ефикасност кај јавните објекти  –  Како до пониски сметки за енергија?“, која ќе се реализира на 6 септември, во хотел „Романтик“ – Велес. За оваа работилница можете да прочитате повеќе овде.