Енергетската ефикасност станува законска обврска

Едукација

Новата годината ја започнуваме со новините во нашиот општествен систем. Претстои обуката „Енергетската ефикасност станува законска обврска (Кои се предизвиците за правните субјекти?) на 11 февруари, во „Park Hotel & Spa“ – Скопје.

Енергетската ефикасност и заштедата на енергија и финансиски средства носат огромни придобивки. Се работи за инвестиции со исклучително низок ризик (особено во секторот на градежните објекти) и релативно краток период на исплатливост. Имајќи предвид дека науката веќе сериозно ги проучува врските помеѓу енергетската ефикасност и економскиот раст, сосема е јасно дека во оваа област се кријат многу можности за напредок и повеќекратни придобивки.

Што правиме на национално ниво во насока на заштеда на енергија и пари? Конечно, и во областа на енергетската ефикасност, кај нас работите ќе бидат регулирани со Законот за енергетска ефикасност, што е сериозен чекор напред. Поставувањето на одредбите од оваа сфера во форма на закон носи голем број обврски за сите чинители.

Нацрт-законот за енергетска ефикасност ги дефинира обврските за општините, јавниот сектор, индустријата и комерцијалниот сектор во однос на активностите кои треба да ги спроведат.

Работилницата ќе се обиде да ги објасни клучните новини и обврски кои ги носи законот, но исто така ќе Ве обучи како најдобро да ги реализрирате активностите кои ќе се бараат од Вас во областа на енергетската ефикасност преку презентирање на примери на добра практика и вообичаен сет на мерки на енергетска ефикасност.

  • Значењето на енерегетската ефикасност за економскиот раст и технолошкиот напредок
  • Примери на добра практика
  • Цели на Законот за енергетска ефикасност
  • Политика за енергетска ефикасност
  • Програма за енергетска ефикасност на единиците на локалната самоуправа
  • Енергетска ефикасност во јавниот сектор (обврски на јавниот сектор)
  • Набавки во јавниот сектор
  • Обврзувачка шема за енергетска ефикасност и алтернативни мерки
  • Обврски на големите претпријатија
  • Фонд за енергетска ефикасност
  • Прекршочни одредби

Интерактивната обука ќе ја водат UNIDO квалификувани експерти за системи за управување со енергија (EnMS) и за оптимизација на системи за компримиран воздух (CASO), како и национални тренери во програмата за обука на европски енергетски менаџери EUREM, со длогогодишно работно искуство во енергетскиот сектор.

За повеќе информации, Ве молиме разгледајте ја комплетната поканаагенда и пријавниот лист. Доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите пополнетиот пријавен лист на info@simpozion.mk